Во пресрет на Синодата за млади

Во пресрет на Синодата за млади

Италијанската епископска конференција ја објави програмата за дводневната средба на Папата со младите од италијанските бискупии, која ќе се одржи на 11 и 12 август. Се очекуваат околу 70.000 млади.

Додека младите од целата Италија се подготвуваат за средбата со Папата во Рим, на 7 август на конференцијата за печат е објавена програмата за таа средба која ќе се одржи на стадионот Цирко Масимо и на плоштадот Свети Петар. Тие настани се организирани во рамките на иницијативата  на Италијанската епископска конференција со цел подготовка на младите за синодата, која е посветена на нив и ќе се одржи во октомври оваа година.

Важноста на поколонението

Поклонението е многу важен библиски знак – рече кардинал Басети, претседател на Италијанската епископска конференција и додаде: Тоа е внатрешен од кој е потребен на секој како би ги сфатил можностите на даровите, природата и милоста кои Бог му ги дарува.

Одење кое вклучува

Покрај италијанските млади ќе присуствуваат и млади странци, доселеници и оние кои веруваат – бидејќи одењето е поврзано со поимот ангажирање, и поради тоа некои теми се ставаат во пракса, наместо апстрактно да се дискутира за нив – рече дон Микеле Фалабрети, раководител на Националната служба за пасторал со млади при Италијанската епископска конференција. Многу млади доселеници се вклучија во тој од, затоа што треба да се оставри интеграцијата, таа не е нешто на што треба само да се мисли – рече дон Микеле.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот