Светиот Отец: Богородица Лурдска нека ни ги отвори срцата за средба

Светиот Отец: Богородица Лурдска нека ни ги отвори срцата за средба

Папата Фрањо во петок 11 февруари 2022 година испрати видео порака до католичките верници во Аргентина кои го слават празникот на Пресвета Богородица Лурдска во светилиштето посветено на неа во Ел Шалао.

На денешен ден, 11 февруари, се одбележува првата објава на Пресвета Богородица на Бернардета Субиру, а пред 30 години свети Иван Павле II. го воспостави Светски ден на болните. Токму денес папата Фрањо испрати видео порака до поклониците собрани во аргентинското светилиште на Богородица Лурдска во која се моли на Пресвета Богородица да бидеме заедница која со сите се сретнува.

Заедница која оди напред

Побарајте од Богородица голема милост, истакнува Папата. Мајко, помогни ни да бидеме заедница која излегува во пресрет на сите. Помогни ни да бидеме заедница која излегува во пресрет на другите, но и која оди напред дозволувајќи и нас да нѐ сретнат – бидејќи, како што нагласува Папата – средбата е взаемна.

Средбата не е милосен дар, туку заедничко одење, бегство од осаменоста и изолацијата за да бидеме со другите, со пријателите, со семејството, со Божјиот народ, сите заедно на молитва пред Богородица, рече Папата. Затоа да ја молиме Богородица да ни помогне да бидеме заедница.

Молец што го јаде срцето

Повторувајќи ја оваа молитва, Папата наведува дека средбата секогаш значи отворање за другите – спротивното ги затвора нашите срца. Мајко, моли Папата, да не ни се затвораат срцата, зашто себичноста е молец што го јаде срцето.

Папата Фрањо ја завршува пораката изразувајќи им ја на ходочасниците својата близина и учество во славењето, ветувајќи ги своите молитви, но исто така побара и тие да се молат за него. Нека ве благослови Исус, а блажената Мајка нека ве придружува држејќи ве за раце, е пораката на Светиот Отец.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот