Папата во Њујорк се сретна со лицата со богопосветен живот

Првата точка од престојот на Папата во Њујорк, после средбата со бездомниците во Вашинготн е Вечерната молитва на 24 септември со лицата со богопосветен живот во катедралата Свети Патрик. Пред проповедта Светиот Отец ја изрази својата близина со муслиманските верници по повод трагедијата во Мека, каде загинаа околу 700 лица. Во проповедта истакна дека благодарноста и посветената работата се два столба од духовниот живот и ги предупреди присутните на опасностите од световните задоволства.

Светиот Отец истакна дека свештеникот треба да се чува од световните задоволства. За да се видат работите и да се вреднуваат од Божја перспектива потребно е постојано да се навраќаме на првите моменти од повикот, како и на голема понизност. Како што рече Папата, крстот ни покажува поинаков начин за вреднување на успехот. Преголемото препуштање во земските работи може да ја замагли силата на секојденвиот Божји повик на преобраќње, на средба со него. Малку по малку се намалува нашиот дух на пожртвување, откажување и работливост.

Одморот е потребен, како што се потребни и моментите на разонода – напомена Папата. Но мора да се научиме и да се одмораме на таков начин, кој ќе ја продлабочи нашата желба великодушно да служиме. Близината со сиромасите, бегалците, мигрантите, експлоатираните лица и старите кои страдаат од осаменост, близната со затворениците и другите бројни Божји сиромаси ќе нѐ научат на друг начин на одмор, кој повеќе е христијански и великодушен – истакна Светиот Отец.

Папата Фрањо потоа изрази благодарност кон монахињите во САД. Што би била Црквата без вас, силни жени, борци, со духот на храброст кој ве води на првата линија на навестување на Евангелието – запраша Папата реторички, истакнувајќи го своето „големо благодарам“ до сестрите и мајките на американскиот народ.

На крајот Светиот Отец напомена дека лицата со посветен живот зрачат „трајно задоволство“ во својот повик. Поради тоа ги поттикна присутните со благодарност да се потсетат на своите први мометни од повикот, како и на бројните милости кои се примени во меѓувреме, но пред сѐ во сеќавање да го ја чуваат средбата со Исус Христос.

РВ/к.мк/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот