Папата: Отворете ги своите срца за Божјото милосрдие

Папата: Отворете ги своите срца за Божјото милосрдие

Ве поттикнувам да ги отворите своите срца и да дозволите да ве обликува Божјото милосрдие. Така ќе станете оружје на милосрдието – им порача папата Фрањо на 15 ноември 2016 година во базиликата Свети Петар на поклонениците од Холандија кои пристигнаа во Рим.

Ве поттикнувам да ги отворите своите срца и да дозволите да ве обликува Божјото милосрдие. Така ќе станете оружје на милосрдието – им порача папата Фрањо на 15 ноември 2016 година во базиликата Свети Петар на поклонениците од Холандија кои во Рим се дојдени по повод „холандиските денови“ во Јубилејот на милосрдието. Светиот Отец рече дека со ова свое заедничко ходочастие го покажуваат „животот и заедништвото на Црквата во Холандија како и единството со наследникот на Петар.“

„Светата година – продолжи Папата – ни овозможува да влеземе уште повеќе во однос со Исус Христос Кој е лицето на милосрдниот Отец. Никогаш не можеме да го исцрпиме ова големо таинство на Божјата љубов! Тоа е извор на нашето спасение: целиот свет, сите ние сме потребни на божественото милосрдие. Тоа нѐ спасува, ни дава живот, повторно нѐ создава како вистински синови и ќерки. Спасителната Божја добрина ја доживуваме на посебен начин во светата Тајна Покора и Помирување. Исповедта е место во кое се прима дарот на простувањето и со Божјото милосрдие започнува преобразба во секој од нас и обнова на животот на Црквата.

Светиот Отец ги поттикна присутните да ги отворат срцата и да дозволат да ги обликува Божјото милосрдие за да станат оружје на тоа исто милосрдие и додаде: „Во прегратката на милосрдниот Отец Кој секогаш нуди прошка ќе бидете во можност да ја сведочите неговата љубов во секојдневниот живот.“ Истакна дека денешните мажи и жени се жедни за Бог, за неговата добрина и љубов и им порача на собраните поклоненици дека и тие можат да им помогнат на голем број луѓе за да го откријат Христос, Спасителот и Откупителот на светот. Својот говор го заврши со следните зборови: „Како Исусови ученици-мисионери можете да го „наводнувате“ општеството со навестувањето на Евангелието и со љубовта посебно кон оние во најголема потреба и луѓето кои се препуштени самите на себе.“

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот