Сведок може да биде само оној кој лично го доживеал Исус

Да видиш, да се сетиш и да проповедаш се трите глаголи кои го опишуваат идентитетот и посланието на сведоците – рече папата Фрањо во пладневниот говор на 18 април пред молитвата Царице небесна.

Да видиш, да се сетиш и да проповедаш се трите глаголи кои го опишуваат идентитетот и посланието на сведоците – рече папата Фрањо во пладневниот говор на 18 април пред молитвата Царице небесна. Потсетувајќи дека Исус своите ученици ги направил сведоци за вистината на воскресението преку нивното сведоштво да стигне до сите луѓе, Светиот Отец истакна дека секој верник е повикан да сведочи дека Христос е жив.

Сведок е човек кој објективно видел некоја реалност – но не со рамнодушни очи, туку и се вклучил во настанот. Заради тоа сведокот се сеќава – продолжи Папата – не само затоа што знае прецизно да ги изнесе сите факти, туку и затоа што настанот му зборувал и што го сфатил неговото длабоко значање. На крајот, сведокот проповеда – не на ладен и незаинтересиран начин, туку како некој чиј живот е променет. Сведок е некој кој го променил животот – објасни папата Фрањо.

Содржината на христијанското сведоштво не е теорија, идеологија или сложен систем на наредби и забрани кои се претвораат во морализам, туку порака за спасение, конкретен настан; уште повеќе Личност: воскреснатиот Христос, жив и единствен Спасител – истакна Светиот Отец и додаде: затоа сведокот може да биде само некој кој лично го доживеал Исус – во молитвата, во Црквата, во светите Тајни. А сведоштвото е толку веродостојно колку што повеќе го следи евангелски, радосен, храбар, кроток, мирољубив стил на живот. Како би можел да го пренесе живиот Исус христијанин кој се предал на задоволствата, суетите, егоизмот и кој останува глув и слеп за молбите на ближниот – праша Папата.

По молитвата Царице небесна Папата изрази жалост заради несреќата во близина на либискиот брег каде што се превртел бродот кој носел бегалци и извештаите зборуваат за стотина жртви. Исто така ја повика меѓународната заедница да преземе одлучни чекори за такви трагедии да не се повторуваат.

„Тие се мажи и жени како нас, наши браќа кои бараат подобар живот; гладни, прогонети, ранети, експлоатирани, жртви на војната; бараат подобар живот… Барале среќа“ – рече Папата, повикувајќи ги собраните верници некое време во тишина да молат за загинатите бегалци, потоа за нив молеше Радувај се Маријо.

Поздравувајќи луѓе и групи на плоштадот, Папата изрази близина со „Одење за светоста на животот“ кое се одржува во Варшава и потсети дека во Торино денес започнува свечено изложување на светото Платно. Се планира дека и самиот Папа таму ќе појде на 21 јуни и ќе се поклони на реликвиите од Господовата мака и погреб.

РВ/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот