Папата доби подарок скутер „Веспа“

Папата доби подарок скутер „Веспа“

Папата Фрањо доби подарок скутер Веспа, кој му го подари клубот „Веспа во времето.“ Скуптерот ќе биде наменет за добротворни цели.

„Почувствуваме потреба дека треба да го направиме овој дар за Папата.“ Тоа го изјави за Ватикан њуз претседателот на клубот „Веспа во времето“, Џулијано Јаниро. Подарокот е оригиналниот модел на Vespa 50R од 1971 година, персонализиран со личен број за случајот: BF362918 (иницијалите Бергољо – Фрањо – годината на раѓање на папата – и датумот на подарувањето 2 септември 2018 година). Заедно со скутерот, подарена е и персонализирана кацига со грбот на Ватикан.

„Веспа“ за добротворни цели

Малата делегација на сопственици на скутери Веспа беше придружена од кардиналот Конрад Крајевски – одговорен за добротворната служба на Папата. Тој доби подарок, кој најверојатно ќе биде продаден на акција за добротворни цели. Шестотини мотоциклисти учествуваа на неделната молитва Ангел Господов на плоштадот Свети Петар во Рим, откако тие ги паркираа моторите на територијата на државата Град Ватикан. Папата ги поздрави со „добредојдовте“ после молитвата Ангел Господов.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот