Најава: Пресвета Богородица Утешителка Паљурска во Битола

Најава: Пресвета Богородица Утешителка Паљурска во Битола

Во сабота, 21 ноември 2026 година, во Битола ќе се одржи ходочастие и литија со чудотворната икона на Пресвета Богородица Утешителка Паљурска.

Во 10.00 часот иконата свечено ќе биде донесена во црквата „Пресвето Срце Исусово“ во Битола, а во 10.30 часот ќе следуваат сведоштво и катехеза.

Во 11.30 часот Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, во сослужение со свештеници од Скопската бискупија и Струмичко-скопската епархија, ќе служи Света Литургија. Во 13.00 часот ќе започне свечената процесија со чудотворната икона низ Широк Сокак.

Радио Марија ќе врши директен пренос преку интернет, со што и верниците кои нема да можат да бидат присутни во Битола ќе имаат можност молитвено да се приклучат на свеченоста.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот