Папата Фрањо: Знаењето и верата ја осветлуваат темнината на омразата

Папата Фрањо: Знаењето и верата ја осветлуваат темнината на омразата

Да се премине од темнината на незнаењето во светлината на знаењето е задача на образованието истакна Папата примајќи делегација од 84 членови на Универзитетот Сулхан-Саба Орбелијани од грузискиот главен град Тбилиси на аудиенција во Ватикан. Папата Фрањо ги потсети членовите на универзитетот, кој штотуку наврши 20 години постоење, на важноста на културата и верата во свет во кој темнината на заборавот и рамнодушноста е сè погуста.

Бидете „нежно светло“ за многу млади луѓе во свет каде што темнината на омразата се згуснува; светлината која е култура и која не постои за да се види, туку да ни остави да видиме околу нас и многу повеќе – е желбата што папата Фрањо ја упати до членовите на Универзитетот Сулхан-Саба ј од Тбилиси, кој неодамна прослави 20 години од постоењето, примајќи ги во Апостолската палата во Ватикан во аудиенција во понеделник 13 февруари 2023 година.

Образование значи да се излезе на светлина

Римскиот бискуп истакна дека во грузискиот јазик терминот „образование“, гантлеба, потекнува од зборот светлина и потсетува на преминот од темнината на незнаењето во светлината на знаењето и истакна:

Да се образува за вас значи повторно излегување на светлина, што е синоним за просветлување. Значајно е, поттикнува размислување за моментот кога светилка се вклучува во темна просторија: сè во неа не се менува, но се менува и изгледот на сè.

Култура и вера

Затоа, учењето и посветеноста се средства за да се запознаеме себеси, а целта на знаењето што го дава Универзитетот „Сулхан-Саба Орбелијани“ – нагласи Светиот Отец – е да се стави во центар достоинството на човечката личност. Не случајно во грузискиот јазик коренот на терминот „светлина“ се појавува и во зборот „образование“ и во зборот „крштевање“, тој ги поврзува културата и верата – истакна и објасни: Грузиската култура повикува да се задржи запалена светилката на образованието и отворен прозорецот на верата, бидејќи и двете ги осветлуваат животните простори.

Ова полезно просветлување на знаењето е потребно, додека темнината на омразата, која често произлегува од заборавот и рамнодушноста, се згуснува во светот. Да, често заборавот и рамнодушноста сè прават да биде мрачно и нејасно, додека културата и образованието го обновува сеќавањето на минатото и ја осветлуваат сегашноста.

Сила за повторно издигање

Историјата на Грузија говори за многубројни премини од темнина во светлина – истакна Папата потоа и додаде: Вашата земја секогаш успевала повторно да се издигне и да блесне, дури и кога неколкупати низ вековите претрпела инвазии и туѓа доминација. И мислам на она парче земја што ви е одземен – додаде Папата.

Вашиот народ, е весел и храбар, гостољубив и вљубен во животот, успеа да одржи позитивен став и во најтемните времиња благодарение на својата вера и својата култура.

Во знак на Христовиот хитон

Во оваа смисла, драгоцена е улогата на Католичката црква, семето – како што рече – што вроди со плод за сите. Образованието им помага на младите да растат, да ги откријат и да ги негуваат најплодните корени, за да вродат плод – истакна Папата потсетувајќи на Апостолското патување во Грузија во 2016 година, рече дека Грузија е млада земја, но со многу стара историја. Воедно ја спомена и средбата со патријархот на цела Грузија Илија Втори.

Во срце ги носам средбите што ги имавме, посебно онаа во патријаршиската катедрала, кога бевме еден до друг во знак на Христовиот хитон; оној хитон кој Евангелието го опишува дека „не беше шиен, туку исткаен одозгора па додолу“ (Иван 19:23) и кој, според традицијата, го симболизира единството на Црквата, Телото Христово.

Воспоставување мостови

Во таа смисла, Папата истакна дека Универзитетот „Сулхан-Саба Орбелијани“ е добар пример за плодна соработка меѓу католиците и православните на културен и образовен план. Создавањето простори и мостови за доброто на земјата и нејзиниот народ е запишано во името на вашата институција, посветена на големиот Сулхан-Саба Орбелијани, примерен грузиски дипломат, личност со исклучителна култура и отвореност. Типичниот грузиски хуманизам, по својата уникатност и убавина, заслужува да биде ценет и на друго место, со неговата уметност, литература, музика и многу други значајни изрази кои можат да се збогатат преку соочување, со целосна почит, со другите култури – нагласи папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот