На 22 декември 2023 година во Македонската филхармонија се одржа свечен предновогодишен прием за црквите, верските заедници и религиозните групи во Македонија, на која присуствуваше и Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски бискуп монс. д-р Киро Стојанов. На средбата се обрати претседателот на Македонија г-дин Стево Пендаровски и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религизозни групи КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски, кој ги додели признанијата „Вељо Манчевски“.
Покрај нив на свечениот прием присустваа, членови на Владата, верски поглавари и великодостојници, голем број на свештеници и верски службеници, духовници, монаси и проповедници, пратеници во македонското собрание, претставници на државните институции, како и голем број на видни гости.
Во рамки на настанот на протојереј ставрофор отец Ѓорги Трајков му беше доделено признанието на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи „Вељо Манчевски“, за неговото долгогодишно служење на Црквата.
Покрај него, признанието го добија и претставници од Македонската православна црква – Охридска архиепископија, од Исламска верска заедница, Евангелска црква, Еврејска верска заедница и здружението „Бадникови поворки“.
Во богатата програма настапија и хоровите од Католичка црква, Македонска православна црква – Охридска архиепископија, од Исламска верска заедница и Еврејската верска заедница во Македонија
Признанието Вељо Манчевски се доделува како највисоко годишно признание за особен придонес на правни и физички лица кои со својот ангажман, активност и труд, трајно се вградиле во развојот и продлабочувањето на различни значајни сегменти во верската сфера во државата. Истото го носи името на Првиот верски референт на Македонија од 1943 година, асномецот Вељо Манчевски.
к.мк/Фотографија: КОВЗРГ