Бискупот Стојанов во посета на болни

Бискупот Стојанов во посета на болни

Бискупот Стојанов посети болни од парохијата „Пресвето Срце Исусово“ – Скопје, а Македонски Каритас со молитва и помош се погрижија за болните.

Во пресрет на празникот Блажена Девица Марија Лурдска и Светскиот ден на болни, во четврток 10 февруари 2022 година, Н.В.П. монс д-р Киро Стојанов во скопската парохија „Пресвето Срце Исусово“ посети болни лица и нивните семејства. Тој традиционално веќе повеќе години посетувајќи ги болните и охрабрувајќи ги ја истакнува важноста на луѓето кои страдат за семејствата и за парохиската заедница, нарекувајќи ги „Столбови на молитвениот живот“.

Директорот на Македонски Каритас, дон Паво Шекерија, соработниците и волонтерите на Каритас, како и секоја година така и оваа, овој ден го означија со молитва и помош во храна за болните и оние кои се во најголема потреба.

Светскиот ден на болни е основан од папата свети Иван Павле II во 1993 година за да ги поттикне луѓето од различни вероисповеди да размислуваат на можностите за грижа и нега на болните.

Секоја година Светскиот ден на болните традиционално се одбележува на 11 февруари, на светувањето на Блажена Дева Марија од Лурд. Целта на одбележувањето на Светскиот ден на болните е да се подигне свеста за нивните потреби и да се нагласи важноста од потребата на хумана и морална поддршка на болните.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот