Руски превод на енцикликата „Fratelli tutti“

Руски превод на енцикликата „Fratelli tutti“

На презентацијата на енцикликата, со која започнува нова серија за меѓурелигискиот дијалог, ќе присуствуваат Апостолскиот нунциј, претставници на верски и општествени организации и академската заедница.

Во среда, на 3 март 2021 година, во Москва ќе се одржи презентација на првиот руски превод на енцикликата на папата Фрањо „Fratelli tutti“ за братството и човечкото пријателство. Енцикликата е објавена од муслиманска издавачка куќа, вклучена во истражувачкиот совет на Муслиманскиот меѓународен форум. Делото е подготвено под покровителство на Духовната управа на муслиманите на Руската Федерација.

Енцикликата ќе ја презентираат муфтијата шеик Равил Гаиутдин, поглавар на духовната управа на муслиманите на Руската Федерација, Апостолскиот нунциј во Руската Федерација, архиепископот Џовани Д’Анџело и надбискупот во Москва, Паоло Пеци. Претставници на различни религии и верски организации, претставници на владата, академските институции и владини организации се поканети на презентацијата.

Според соопштението, со рускиот превод на енцикликата „Fratelli tutti“ започнува издавачката серија „Меѓурелигиски дијалог“, со цел да промовира истражувањето и размислувањето за основните прашања за усогласување на односите меѓу религиите. Посебно внимание ќе се посвети на мировните и хуманистички иницијативи и изјави на верските водачи на оваа тема.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот