Папата Фрањо испрати телеграма со сочувство до семејствата и жртвите во смртоносниот пожар во Валенсија

Папата Фрањо испрати телеграма со сочувство до семејствата и жртвите во смртоносниот пожар во Валенсија

Во петокот, на 23 февруари 2024 година, папата Фрањо испрати телеграма со сочувство во која ги изразува своите молитви за жртвите и за сите погодени од пожарот во двете станбени згради во градот Валенсија, Шпанија, каде што е потврдена смртта на четири лица, а многумина се водат за исчезнати.

Папата Фрањо ја следи ситуацијата за страшниот пожар во станбена зграда во предградието на Валенсија во источна Шпанија, во кој има жртви и на сите засегнати им вети духовна близина и молитви.

Зборовите на загриженост и близина на Папата беа истакнати во телеграмата со сочувство во петокот на 23 февруари, потпишана во негово име од државниот секретар кардинал Пјетро Паролин, а упатена до надбискупот на Валенсија, Енрике Бенавенто Видал.

Потврдено е дека четири лица загинаа, а 14 лица се водат за исчезнати по пожарот што избувна во четвртокот на 22 февруари во станбен комплекс со вкупно 14 ката.

Папата истакнува дека препорачувајќи ги душите на починатите на божественото милосрдие, им ветува на жителите на Валенсија и сите семејства кои се погодени духовна близина и го моли Господ да им даде сила во овие моменти на болка.

Тој, исто така, упати молитви за поддршка на пожарникарите и сите вклучени во акциите за пребарување и спасување.

Со тие накани, завршува телеграмата, Папата моли застапништво од светецот заштитник на Валенсија, „Нуестра Сенора де Лос Десампарадос“ и заштитникот на Шпанија, Свети Јосиф и го упати апостолскиот благослов како залог на надежта во воскреснатиот Христос.

Тридневна жалост

Шпанските власти прогласија тридневна жалост. Премиерот Педро Санчез го посети местото на несреќата, вети поддршка за погодените и изрази благодарност до пожарникарите и воениот персонал кои учествуваа во гаснењето на пожарот.

Засега не е познато колку луѓе имало во двете згради кога избувнал пожарот, но се претпоставува дека десетици ги загубиле домовите и имотот, според локалните извештаи. Комплексот имал околу 140 станови.

Ватикан њуз/ к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот