Прославен патрониот празник во Гевгелија

Прославен патрониот празник во Гевгелија

На 12 јули 2023 година, кога Црквата ги празнува светите апостоли Петар и Павле, а Католичката црква во Гевгелија својот патрон празник, Скопскиот бискуп и Струмичко –  скопски епарх монс. Киро Стојанов служеше света архиерејска Литургија во Гевгелија во сослужние на свештеници од Струмичко – скопската епархија.

Во преполната црква епископот Стојанов на почетокот од проповедта ги поздрави присутните свештеници, сестри Евхаристински и верници, а потоа се осврна на светите Петар и Павле, нивниот живот и пример.

Епископот Стојанов потсети дека Црквата постои веќе две илјади години. Колку бури, невлоји, слабости, гревови и пропусти, колку прогонства желби да се уништат оние кои го следат Христа до денес. Црквата стои и секогаш е посилна кога поминува низ неволји и очистувања. Така е и денес. Тоа е чудото на Божјата сила и близина со Црквата – рече владиката Стојанов.

Во продолжение спомна и за неизвесностите, искушенијата и стравовите за иднината, кризите со кои живее денешниот човек и Црквата, истакнувајќи ги посебно вештачката интелегенција, стравот од нови војни, збунетите идеали и погледи на светот. Во една таква констелација на денешниот човек епископот Стојанов ги даде за пример светите апостоли, кои токму искушенијата ги направија да бидат уште посилни, истакнувајќи дека животната сила ја црпеа од надежта за средбата со Воскреснатиот Христос.

Монсињор Стојанов ги повика верниците да бидат вистински сведоци, како врховните апостоли Патер и Павле, кои ги дадоа своите животи за Христа и Христовата вера и додаде: Ние драги браќа и сестри сме тие кои треба да сведочат за верата во Христа, ние сме тие кои треба да ја чуваме нашата вера, која нам ни ја предадоа апостолите, преку словенските апостоли Кирил и Методиј, преку основателите на сестрите Евхаристинки, отец Јосиф Алоати и сессра Еврозија. Токму нивниот дух се чувствува, не само во Паљурци, туку и во целиот овој гвгелиски и богдански крај. Затоа треба да ја сведочиме верата, која тие ние ја оставија и да бидеме горди евангелизатори на Христовата вера и црква – рече на крајот од проповедта епископот Стојанов.

Категорија: Вести, Македонија

За авторот