Новоименуваниот Апостолски нунциј Пекорари ги предаде акредитивните писма на претседателот на Република Македонија

Апостолската Нунцијатура – Дипломатска Мисија на Светата Столица има чест да ги извести Медиумите во Македонија дека денес на 24 јули 2014 година, Н.Е. Монс. Анселмо Гвидо Пекорари, именуван Апостолски Нунциј минатиот 11 јули од Светиот Отец Папа Фрањо, ги предаде на Претседателот на Република Македонија Акредитивните Писма кои го акредитират како Вонреден и ополномоштен амбасадор на Светата Столица во Република Македонија.

На церемонијата, која се одржа во Претседателската резиденција на Водно – Скопје, зедоа учество, како членови на делагацијата на Апостолската Нунцијатура, o. Јан Малчек, секретар на Апостолската Нунцијатура, Н.П. монс. Киро Стојанов, скопски бискуп и апостолски егзарх во Македонија и о. Марјан Ристов, соработник на дипломатската Мисија на Светата Столица.

Новиот Апостолски Нунциј, кој е во официјална посета на Македонија, користи прилика да искаже длабокапочит кон Н.П. монс. Киро Стојанов, скопски бискуп и апостолски егзарх, истовремено поздравувајќи го свештенството, чесните сестри-монаштвото и верниците католици, воедно искажува искрена почит на највисоките Државни и Цивилни Власти во Македонија, како и до Архиепископот на МПЦ-ОА и Поглаварот на ИВЗ во Државава, и останатите верски заедници и религиозни групи.

фотографија: www.president.gov.mk/

Категорија: Македонија

За авторот