Отворена извидничката година во Куманово
Во сабота, на 24 септември 2016 година се одржа еднодневен камп на католичките извидници од Куманово. Средбата се одржа во природа, во придружба на водители. Децата го започнаа денот со подготовка на кампот и подигање на знамето. Продолжија со учење, игра, уметнички претстави и во подготовка на оганот и јадење, а завршија со медитација и молитва.
Ова е скромен почеток на Европските извидници во Македонија, а децата на состаноците, излетите и камповите ги очекува заедничко дружење и стекнување вештини.
Овие извидници се дел од меѓународната организација „Федерација на извидници на Европа“ која делува во преку 20 европски држави, признаена е од Светиот Престол како световна организација и децата ги воспитува еден ден станат одговорни синови и ќерки на црквата и општеството. Карактеристиките на оваа организација е да работи по христијански карактеристики и традиционално извидничко и европско заедништво.
Федерација на извидници на Европа (ФИЕ) како дел од Федерацијата на скаути на Европа (ФСЕ) веруваат дека секој човек е создаден од Бог и дека има своја лична и единствена мисија. Целта на извидничкиот развој е да помогне таа мисија да се препознае и развие.
Во наредните редови на кратко се дадени начелата кои го соочинуваат развојната метода на Федерацијата на европското извидништво.
****************************
ФИЕ верува дека секој човек е создаден од Бог и има своја лична и единствена мисија. Целта на извидничкиот развој е да се помогне оваа мисија да се препознае и развие. Извидничкиот развој се одвива во групи, но преку групите се формираат поединци и на нив им се дава можност за развој.
Детето пред сè припаѓа на своето семејство. Извидништвото само го дополнува развојот во семејството и на родителите им помага во развојот и воспитувањето на нивните деца. Поради тоа, извидничкиот развој секогаш мора да се спроведува со согласност од родителите и во соработка со нив.
Еден од основните елементи на педагогијата на ФИЕ е развој на момчиња и девојчиња во одделени или посебни оддели во согласност со нивните физички и психички способности, а на момчињата и девојчињата им се овозможува да бидат она што се и да ги развијат своите способности и афинитети. И двете групи извидници меѓусебно се надополнуваат и соочинуваат единствено движење со заеднички идеал.
Извидничкиот развој се одвива во три категории или ограноци според возраста, а кои се прилагодени на потребите и нивото на развој на детето. Најмладиот огранок се волчиња на возраст од 8 до 12 години. Темелот кај извидниците е извидничката патрола (од 6 до 8 извидници, на возраст од 12 до 17 години) која ја води најискусниот меѓу нив. Најстариот огранок е предводнички кој е за млади на возраст над 17 години.
Извидничкото движење одбива морален релативизам и се труди на децата и адолесцентите да им понуди објективни мерила. Ги води кон тоа постојано да се надминуваат самите себе, да се учат да ја бараат вистината и да разликуваат добро од лошо. На одреден начин овие вредности се прилагодени на возраста и се ставени во законот на извидникот, а со начела и ветувања кои ги сочинуваат правилата на играта наречена извидништво.
Животот и играта во природа се најпосебниот дел од извидничкиот метод на развој. Извидниците се принудени да се потпрат на своите сопствени сили и умешност и подобро да соработуваат едни со други. Убавината на природата ги учи на понизност и хармонија и им ја покажува Божјата љубов кон човекот.
Извидништвото се засновува на принципот на добра волја. Извидничкото движење е отворено за сите кои се расположени извидничките идеали да ги прифатат како свои сопствени. Од природата на извидничка метода произлегува дека никој не може да биде формиран од страна на извидништвото ако тоа сам не го сака, ако не е расположен да се надмине самиот себе, својата мрзеливост и себичност.
Се разбира дека идеалите не го привлекуваат интересот на децата, туку возбудливите игри и авантури. Во рацете на водачот на извидниците тоа е алатка која им помага на децата да се развијат. Извидниците стекнуваат различни способности за да можат да ги превземат сите посложени акции и да ги надиграат останатите патроли. Тие го прифаќаат законот на извидниците и извидничките идеали затоа што се дел од “правилата на играта“, а придржувањето до нив им овозможува да бидат учесници во авантурата наречена извидништво.
Основните столбови на извидничките методи за развој се доверба и одговорност. Секој член на извидничката група има свое место во неа и секој има одговорност за некој дел од нејзиниот живот во зависност од способностите. Врвот е одговорност на патроли на кој водичот на дружината му ги доверува сите извидници во патролата. Ваквата доверба на патроли му дава големо чувство на одговорност и важност на мисијата, а тоа е голема мотивација за извидничката работа и со нив се однесуваат како со возрасна личност.
Генијалноста на развојните методи на Бејден Поуел е токму во тоа возрасните да не ги воспитуваат младите извидници во извидничката дружина, туку нивните постари пријатели, но и не со поучување, туку со личен пример и низ заеднички живот во дружината. Токму во периодот на бунт против авторитет за младиот извидник е многу поприфатлив за пример три години постар патролен и седум години постар водач, отколку возрасен и тоа треба да се искористи во добра насока. Исто така патролен може да се смени до ниво на непрепознатливост кога ќе почувствува дека има одговорност да им биде пример на останатите.
Целта на извидништвото е да се формира возрасен и целосно зрел човек кој го открил својот животен повик и ги остварува извидничките идеали во својот секојдневен живот. Извидништвото е начин на развој, алатка во тој дел, но во никој случај не е животна цел. Поради тоа извидништвото или извидничкото движење често е наменето за младите. Улогата на возрасните во извидништвото е пред сè да им служат на младите водачи. На нив треба да им се помогне со совет, искуство, сведоштво од сопствениот живот, да се охрабрат на патот кон зрелоста и да се внимава извидничкото движење да не гјаи изгуби од вид својата цел и своите начела.
к.мк