Амбасадорот на Суверениот воен ред на Малта во посета на Радио Марија и Едукативниот центар во Сарај

Амбасадорот на Суверениот воен ред на Малта во посета на Радио Марија и Едукативниот центар во Сарај

На 17 ноември 2023 година директорот на Радио Марија отец Гоце Костов во посета го прими амбасадорот на Суверениот воен ред на Малта во Македонија Н.Е. Франческо Саверио Џуисти. По разгледувањето на просториите на радиото амбасадорот Џуисти во срдечна амтосфера беше запознат со работата и посланието на Радио Марија во Македонија, програмската содржина и настојувањето на Радио Марија да работи за хармонија и единство во општеството.

За време на престојот во Струмица, амбасадорот Франческо Саверио Џуисти со неговата придружба ја посети црквата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ и Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“.

Во попладневните часови го посетија и Едукативниот Центар на Македонски Каритас во Сарај (општина Босилово), каде што добредојде му посака парох и координатор на Македонски Каритас во Сарај, отец Ванчо Назов, кој го запозна за историјата на парохијата Свети Димитриј, како и со работата на Едукативниот Центар – Сарај.

к.мк

Категорија: Uncategorized

За авторот