Католиците од Тибет без свештеник ја зачувале својата вера

Во сиромашните делови во срцето на Тибет католиците со децении ја живеат својата вера, оддалечени од големите комуникациски патишта, пристапни само со одење пеш.

Нивниот случај потсетува на јапонските христијани, кои повеке од два века, останувајќи без своите свештеници заради жестоките прогонства, во целосна одвоеност и тајност ја чувале својата вера – пишува порталот Ватикан инсајдер.

Светот неодамна го запозна со католиците од Тибет писателот Константин де Слицевич во списанието „Заборавените народи на Тибет“. Тој пишува дека во срцето на тибетскиот масив се наоѓа селото Баиханлуо, пристапно само со одење пеш или со коњи. Сеуште е целосна дрвената црква, која кон крајот на 19 век ја изградиле членовите на мисионерското друштво за надворешни мисии од Париз, кое имало послание за евангелизација на Тибет. Тие ги посетиле сите тибетски долини и основале заедници наречени „оддалечени мисии“, бидејќи областите се сметале за опасни и диви.

Комунистите во 1948 година дошле на власт, го заземале Тибет и ги протерале или убиле странските мисионери. Црквите биле затворени или претворени во училишта и силоси. Христијаните не смееле да носат верски симболи, бидејќи се казнувало со затвор. Биле протерувани сите оние кои имале важна улога и биле затворани или пратени на принудена работа – раскажува писателот.

Бранот на прогонствата не зафатил некои осамени и оддалечени места, така што некои села и ден денес имаат сопствена црква, каде што верниците се собираат на молитва, без свештеник, како што пред пола век ги беа научиле француските свештеници. И покрај сето тоа, селското население ја зачувало католичката вера. Бог ги фасцинира Тибетанците – тврди писателот. Тие не се млаки христијани, а својот живот го посветиле на верата. Во речиси педесет години отсутност на свештеници и Свети Тајни, тие не заборавиле ниту еден збор од она што пред стотина години ги учеле мисионерите.

Во поосамените села ги чувале гробовите на првите француски мисионери, се молеле, го славеле Велигден. Не го заборавиле ниту латинскиот јазик, а „Оче наш“ го молат на латински.

Во селото Баиханлуо, скриено меѓу планинските врвови, на еден масивен ‘рт, писателот откри како верниците го чуваат живиот спомен на свештеникот Захарија, кој пред десетина години починал на сто години од својот живот. Бил вероучител во племето Лоутц. Тој пред комунистичкото прочистување избегал од Тајван. По тридесет години прогонство, успеал да се врати и да го продолжи своето дело.

Захарија во сите околни цркви ставал света вода, помешана со чиста вода – раскажуваат селаните. Кога ќе се разболел некој, му било понудувано капка од светата вода. После три дена болниот би оздравел. Во понапуштените цркви можат да се видат книги оштетени од влагата, оставени заради ненадејното брзо заминување на француските свештеници; збирка на едно француско списание, како и молитвеници на тибетски јазик, испечатени во 1897 година во Хонг Конг.

Ситуацијата се променила после кинеското отворање кон светот. Урнатите цркви делумно се реновирани, како на пример црквата во пристапниот залив Зхонгдинг. Недалеку од црквата е погребан Анет Генестиер, француски мисионер, починат во 1937 година, а неговото луле и бастунот за шетање по тибетанските гори верниците внимателно ги чуваат.

Сега го заменува 39-годишниот свештеник Хан Шенг. По одлуката на кинеската влада дека сите католици мораат да се приклучат на Патриотската црква, која е под конторла на владата, овде како и во другите региони расте и цвета ‘Подземната црква’. Свештеникот проценува дека на подрачјето на Тибет живеат десетици илјади католици. Верниците, пак, се жалат дека немаат свештеници и средтства. Свештеникот Хан Шенг во шеснаесет цркви на верниците им ги дели Светите Тајни и им дава духовна поддршка.

РВ/З.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот