Латиноамериканските епископи бараат помош за гаснење на пожарите

Латиноамериканските епископи бараат помош за гаснење на пожарите

Соочени со пожарите во амазонската прашума Советот на латиноамериканските епископи (CELAM) во соопштение објавено во Богота на 22 август ги повика Бразил, Боливија, Обединетите нации и меѓународната заедница да преземат сериозни мерки за заштита на „белите дробови на светот“.

Искажувајќи солидарност со домородните народи кои живеат во подрачјата зафатени со пожари, епископите истакнуваат дека солидарноста и брзата помош на светската заедница е неопходна за да се запре опостушувањето.

Според податоците на Националниот државен институт за вселенски истражувања Инпе, шумските пожари во Бразил оваа година во однос на минатата пораснаа за 82 %, а повеќе од половината од нив се на подрачјето на Амазонија. Густите облаци повремено го затемнуваат и небото над метрополата Сао Паоло, кој е оддалечен повеќе од 2500 километри.

Папата Фрањо на 15 октомври 2017 година свика Епископска синода за панамазонското подрачје, која ќе расправа на тема: „Амазонија – нови патишта за Црквата и целосна екологија“, а ќе се одржи од 6 до 27 октомври во Ватикан, меѓу другото и “поради кризата во која се наоѓа Амазонската прашума, белите дробови на нашата планета“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот