Струмица: Божиќна претстава „Тројцата хакери од Исток“

Струмица: Божиќна претстава „Тројцата хакери од Исток“

Во понеделник 8 јануари 2024 година, на вториот ден од Божиќ, кога Црквата го слави празникот Собор на Пресвета Богордица и Светото Семејство, во парохиската сала „Света Мајка Тереза“ при парохијата „Раѓање на свети Иван Крстител“ во Струмица се одржа традиционалното божиќно дружење на парохјаните.

За време на заедништвото младите и децата од веронаучните групи пред верниците ја изведоа божиќната претстава „Тројцата хакери од Исток“, кои во сосема модерен и актеуелен контекст ги ‘однесоа’ присутните пред витлеемската пештера со помош на модерните средства за комуникација, спречувајќи хакерски напад во Витлеем подготвуван од Ирод, истовремено правејќи селфи пред пештерата за да ги објават фотографиите на социјалните мрежи.

Покрај тоа беа изведени и традиоцинални божиќни песни и рецитали, а претставата заврши со тропарот за Рождество Христово.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот