Кардиналскиот совет и во наредната година ќе продолжи со својата работа

Во Ватикан продлжува состанокот на Крадиналскиот совет, соопштено е од Канцеларијата за печат при Светата Столица на 29 април попладне. Папата Фрањо редовно учествува на четвриот по ред состанок, освен кога е спречен поради важни обврски, како што е аудиенцијата на која го прими шпанскиот кралски пар, парагвајскиот претседател, како и Генералната аудиенција во среда. Освен осумте кардинали, членови на Кардиналскиот совет, на седниците присуствува и кардинал, Пиетро Паролин, државен секретар.

Советот го разгледа извештајот на претседателот на Папската советодавна стручна комисија за економско – управното уредување на Светата Столица (COSEA), Јосеф Захре, а поврзани со надлежностите на таа комисија.

Откако на претходните седници се разговараше за Конгрегациите во Римската курија, на оваа седница на разгледување беа Папските совети, и тоа најпрво за нив се раговараше општо, а потоа и за секој посебно.

Следното заседание на Кардиналскиот совет ќе трае еден ден подолго и ќе се одржи од 1-4 јули 2014 година. Со оглед на тоа дека има уште многу работа, не треба да се очекува дека сѐ ќе биде завршено до крајот на оваа година, туку Советот ќе продолжи со својата работа и во наредната година, се истакнува во соопштението.

Претходните состаноци на Кардиналскиот совет, кој е основан од папата Фрањо за да му помогне во управувањето со општата Црква и за да помогне во нацрт измените во Апостолската конституција Пастор Бонус, се одржани од 1-3 октомври 2013, 2-5 декември 2013, како и од 17-19 февруари 2014 година.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот