Папата Фрањо: Со вера да појдеме во Страсната седмица

Папата Фрањо: Со вера да појдеме во Страсната седмица

Драги пријатели, да започнеме со вера во Великата седмица за време на која Исус го поднесува страдањето, умира и воскреснува – поттикна Светиот Отец и додаде: Поединци и семејства кои не можат да присуствуваат на литургиските славења поканети се да учествуваат на молитва од својот дом, со помош на технологијата.

На крајот од евхаристиското славење во базиликата на Свети Петар, во неделa 5 април 2020 година, Папата упати поздрав до сите кои го следеле преку социјалните мрежи. Своите мисли особено ги упати кон младите од целиот свет, кои на 5 април 2020 година на бискупско ниво го одбележуваат Светскиот ден на млади.

Група претставници на панамската католичка младина требаше на 5 април 2020 година да го предадат поклоничкиот крст на младите од Лисабон, португалската престолнина каде во 2022 година треба да се одржи Светскиот ден на млади. Овој чин е одложен за неделата на Христос Цар, односно за 22 ноември 2020 година.

Во пресрет на тој момент, ве повикувам вас младите да ја негувате и сведочите надежта, дарежливоста и солидарноста, која на сите ни е потребна во ова тешко време – рече папата Фрањо.

Светиот Отец исто така истакна дека на 6 април 2020 година, се одбележува Светскиот ден на спорт за мир и развој, кој во 2013 година го основале Обединетите нации. На тој ден 1896 година во Атина беа отворени првите Олимписки игри на модерното време. Забележувајќи дека многу настани се прекинати последниве денови, Папата истакна дека сепак на виделина излегуваат најдобрите плодови на спортот, односно издржливост, тимски дух и давање на најдоброто од себеси.

Драги пријатели, да започнеме со вера во Страсната седмица за време на која Исус го поднесува страдањето, умира и воскреснува – поттикна Светиот Отец и додаде: Поединци и семејства кои не можат да присуствуваат на литургиските славења поканети се да учествуваат на молитвата од својот дом, со помош на технологијата.

Духовно да бидеме блиску до болните, нивните семејства и до оние кои пожуртвувано ги лекуваат; да се молиме, во светлината на велигденската вера, за починатите. Секој е присутен во нашето срце, во нашето сеќавање, во молитва – рече Папата Фрањо и заклучи: Да се научиме од Марија за внатрешната тишина, погледот на срцето, верата преку која од љубов го следиме Исус на крстниот пат кој води до славата на Воскресението. Таа оди со нас и ја поддржува нашата надеж.

Ватикан њуз/ к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот