Започна првото Апостолско патување на папата Фрањо

Ватикан, 22.7.2013 /к.мк/ – Папата Фрањо, првиот папа од Латинска Америка во понеделник 22 јули го започна своето прво Апостолско патување, полетувајќи од римскиот аеродром Фиумичино, упатувајќи се во Бразил на 28-от Светски ден на млади во Рио де Жанеиро. Откако пристигна со хеликоптер на аеродромот, Папата беше дочекан од претседателот на италијанската влада Енрико Лета, а папата Фрањо го носеше сам својот багаж влегувајќи во авионот.

„За неколку часа ќе пристигнам во Бразил. Се радувам многу, бидејќи за кратко ќе бидам со вас, за да го прославиме 28-от Светски ден на млади“. Ова беше објавено на твитер профилот @Pontifex. Слетувањето во Рио е предвидено во 16.00 часот, според локално време, а во Рим ќе биде 21 часот. На аеродромот во Рио папата Фрањо ќе биде пречекан од претседателката на Бразил Дилма Русеф. Вторникот е предвиден за пауза од патувањето, а во среда Светиот Отец ќе се упати во Богордичното светилиште Аперецида, со што ќе започне официјалната програма. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<