Загриженост на Папата за ситуацијата во Кавказ и поттик да молиме за Перу и Украина

Загриженост на Папата за ситуацијата во Кавказ и поттик да молиме за Перу и Украина

По молитвата Ангел Господов во недела 18 декември 2022 година, папата Фрањо изрази загриженост за хуманитарната ситуација во Нагорно-Карабах, каде што од 12 декември Азербејџанците го блокираа коридорот Лачин, единствената врска со Ерменија, изолирајќи илјадници луѓе и спречувајќи снабдување со храна и лекови. Тој поттикна на молитвата за Перу, а ја спомна и Украина: „Богородица да ги допре срцата на оние кои можат да ја запрат војната. Да не ги заборавиме страдањата на тие луѓе“.

Папата Фрањо, откако ја измоли молитвата Ангел Господов, изрази загриженост за 120.000 Ерменци на територијата на Нагорно-Карабах, меѓу кои и 30.000 деца, кои во моментов се изолирани и без храна, лекови и основни потреби, поради блокадата на коридорот Лачин. Папата е загрижен за хуманитарната ситуација во Република Нагорно Карабах, каде на 12 декември, поради наводни еколошки причини, Азербејџанците блокираа дел од земјата широк околу девет километри, што е единствената врска меѓу Ерменија и Нагорно Карабах .

Загрижен сум за ситуацијата во коридорот Лацин во Јужен Кавказ. Посебно сум загрижен за неизвесните хуманитарни услови на населението, кои може да се влошат во текот на зимата. Ги молам сите инволвирани да се вклучат во изнаоѓање мирни решенија за доброто на луѓето.

Апел за Перу

Потоа, Римскиот бискуп истакна дека исто така е загрижен и за ситуацијата во Перу, земја во која има големи политички тензии.

Да молиме за мир во Перу, да престане насилството во земјата и да се започне дијалог за да се надмине политичката и социјалната криза што го погодува населението.

Страдањето на Украина

И денеска Светиот Отец – како и во секое пладневна обраќање од 24 февруари – ја спомна Украина. Тој ги охрабри верниците да се молат на Дева Марија да допре до срцата на оние кои можат да ја запрат војната во Украина. Да не ги заборавиме страдањата на тие луѓе, посебно децата, постарите и болните. Да молиме, да молиме!

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот