Дами никогаш не прифаќајте неморал за да им се допаднете на мажите!

Нашето општество се обидува да ги убеди жените дека врските со мажите треба да бидат како во ТВ серијата сексот и градот. Ќе ви кажам нешто: тоа е лагата од дното на пеколот. Тоа не се врски, тоа е нашминкана објективизација на жените и разврат во својот најлош вид. Вистинскиот маж не ја валка женската чистота. Вистинскиот маж ќе застане во нејзина одбрана и обратно. А за тоа е потребно работа и тоа многу работа.

Познавам господин кој бил привлечен од убавината на една католикиња. Очајнички сакал таа да излезе со неа, но секој пат кога ќе ја повикал, таа го одбивала. После неколку пати одбивање, тој мудро заклучил дека мора да го промени својот стил на живот ако сака да го освои нејзиното срце. Започнал да оди на Литургија, да моли и да живее морално. Продолжил да го развива својот однос со Бог и повторно ја поканил да излезат. Се согласила и денес се венчани.

Жената по самата своја природа е мистерија. И кога се однесува во согласност со начинот на кој Бог ја создал, таа ја одржува таа убавина и привлечност на единствен начин. Кога жената е автентична, таа по самата своја природа ги повикува мажите на повисок стандард. Мажите се природно привлечени од нејзината автентична убавина и интегритет. Надворешната убавина можеби ќе ги привлече мажите, но внатрешната ќе ги задржи.

Дами, никогаш немојте да прифаќате неморал за да ги привлечете мажите. Вредите повеќе од тоа. Всушност, вашата вредност ја наминува човечката моќ за сфаќање. Бог го создаде светот, па сигурно не заборавил на вашата иднина. Секоја жена копнее за маж кој ќе ја штити и цени. Моето прашање за вас гласи: дали вашето однесување привлекува доблесен маж? Прегрнете ја убавината на својата женственост и ќе ги вдахнете мажите за да се потрудат. Наместо да го барате, дозволете му тој да ве најде. На мажите им е својствена желбата да освојуваат жени, дозволете им тоа да го прават. Мораме да престанеме да ги обвинуваме мажите и да станеме жени какви што сме создадени да бидеме, без разлика дали сте во врска или не.

Чекај маж кој ќе те држи за рака, наместо да те допира на несоодветен начин. Такви мажи постојат. А ти треба да ја прегрнеш убавината на вистинската женственост и ќе привлечеш токму таков маж.

Запамети: кога мажоти ти вели дека си слатка, му се допаѓа твоето лице. Кога ќе ти каже дека си згодна, му се допаѓа твоето тело. Кога ти вели дека си прекрасна, му се допаѓа твоето срце. Затоа чекај маж кој ќе ти каже дека си прекрасна, бидејќи тоа го заслужуваш, бидејќи тоа е она што си. Да бидеме автентични жени! Да ја прегренеме убавината на нашата женственост.

Врската не може да постои без ранливоста

А тоа бара труд

Да бидеме реални, врските не се како во холивудските филмови. Не постојат совршени врски. Врската бара работа, бидејќи љубовта е избор, а не чувство кое опива. И треба да се борите за оние кои ги љубите, бидејќи љубовта бара да се сака целата личност, и она доброто на нејзе и она не така добро. Љубовта е работа. И тоа е тешка работа. И често најтешко е да се сакаат оние кои ни се најблиски бидејќи тие најмногу нè нервираат. Но, тие знаат и да нè насмеат затоа што нè познаваат, затоа што длабоко нè сакаат. Љубовта значи да сакаш добро на љубениот, да се жртвуваш и да служиш на љубениот, а да не се бара ништо за возврат. Да се испразнете од самите себе заради автентичната љубов која се жртвува, тоа е тешка работа и бара милост. Тоа е љубов.

Човечкото срце е многу тешко да го разбереш. Всушност, мислам дека никогаш не можеме вистински да ја сфатиме длабочината на човечкото срце и сите негови способности. Тоа може во една минута страсно да сака, а да биде скршено во друга, но и покрај радостите и болките, продолжува да чука, одржувајќи нè во живот. Нашето срце може да даде да чувствуваме болка, радост, така и да биде прободено од разочарување. Мислам дека секој ја почувствувал болката заради губење на човек кој ни бил близок. Тоа ранува.

Бог е пример за ранливост. Не дојде само да ни даде дел, туку целото свое срце. Дозволил Римјаните да го фатат, плукаат, удараат. Се предал да го камшикуваат од љубов кон нас, дозволи да му го раскинуваат месото и ја пролевале Неговата крв. Грубо му ја ставиле круната од трње на Неговата глава, а таа се забила во Неговиот череп. Тогаш со љубов го земал Својот Крст и го носел до Голгота. По патот мислел на тебе и на мене затоа што поради нас избра да страда. Но, никогаш не жалеше нити момент од своите горки и свети маки, туку продолжи да нè сака. Кога дојде на Голгота, војниците го соблекле толку насилно што му откинале месо од телото. Додека ги забивале клинците во Неговите ранети раце и нозе мислел на мене и на тебе и продолжил да се дава сѐ додека не издивнал.

Затоа, и покрај тоа што светот ќе нè разочара, што луѓето ќе не лажат и изневеруваат, мораме да продолжеме да се бориме со љубов во срцето. Мораме да тежнееме кон тоа да ги отвориме нашите срца на ранливост без страв дека ќе бидеме повредени. И ако нашето срце треба да биде повредено, мораме да одлучиме дека ќе ја видиме убавината во можноста да ја одржуваме Христовата љубов, а да не бараме ништо за возврат.

„Кога маж сака жена, тој мора да стане достоен за неа. Колку што е поголема нејзината крепост, колку што е поблагороден нејзиниот лик, колку што е таа посветена на вистината, правдата, добрината, толку повеќе мажот мора да тежнее да биде достоен, Историјата на цивилизацијата е условена од возвишеноста на жената.“ (архиепископ  Fulton Sheen)

P.S. Ти си доволна!

Битно.нет/Д.И.

Категорија: Колумни, Размислување

За авторот