Андреа Бочели вели дека ѝ должи сè на својата мајка, затоа што одбила абортус

Андреа Бочели вели дека ѝ должи сè на својата мајка, затоа што одбила абортус

„Животот, кога е прифатен, а не гледан со страв, се умножува, а цивилизациите што напредувале се оние што вложувале во новите генерации.“

Светски познатиот оперски пејач Андреа Бочели испрати трогателна порака до илјадниците учесници на италијанскиот Марш за живот, кој се одржа во сабота, на 13 јуни 2026 година, на улиците на Рим.

Бочели отворено се залага за заштита на животот и често ја споделува својата животна приказна кога има можност за тоа.

Поради претходно преземена обврска, пејачот не можеше лично да присуствува на настанот, но испрати писмо, кое беше прочитано на крајот од маршот.

Бочели е роден со вроден глауком, кој сериозно му го оштетил видот. Подоцна целосно го изгубил видот по несреќа за време на фудбалска игра.

Лекарите ја советувале неговата мајка да ја прекине бременоста поради компликации со воспаление на слепото црево. Тие стравувале дека Бочели ќе се роди со попреченост. Наместо да го прифати тој совет, мајката на Бочели избрала живот.

„Животот, кога е прифатен, а не гледан со страв, се умножува, а цивилизациите што напредувале се оние што вложувале во новите генерации“, напиша Бочели во своето писмо.

Тој објасни дека лекарите ја советувале неговата мајка да ја прекине бременоста, но таа избрала да му верува на животот и да не се повлече.

„Јас ѝ должам сè на таа одлука“, рече пејачот.

„Радосен сум што можам да ви се обратам со овој краток поздрав и со овие неколку мисли. Особено би сакал да споделам со вас една мисла што ми е многу блиска до срцето. Не постојат четири, туку пет математички операции. Петтата не се учи на училиште. Таа се учи живеејќи и растејќи заедно со другите, со луѓето што ги среќаваме. Се нарекува соработка, но и доверба, грижа и пријателство, и секогаш се раѓа од чин на љубов. Јас ја научив уште пред да се родам.“

„Грижата создава. Таа не осиромашува. И често менува сè“, заклучи тој.

„Да го дадам ова сведоштво меѓу вас е привилегија за мене и гест на благодарност кон оние што верувале, како мојата мајка, дека едно плус едно никогаш не е само две.“

Chpop/к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот