Молитвата на света Тереза на Детето Исус за свештениците

Молитвата на света Тереза на Детето Исус за свештениците

Да ја измолиме ова молитва на светата Мала Тереза за нашите пароси, духовници, епископи, кардинали и за самиот Папа…

О Исусе, вечен Велик Свештенику, сочувај ги своите свештеници во своето Пресвето Срце, каде никој не може да им наштети.

Сочувај ги неизвалкани нивните посветени раце, кои секојдневно го допираат Твоето Свето Тело.

Сочувај ги чисти нивните усни, кои се црвени од Твојата прескапоцена Крв.

Сочувај го од сѐ што е земско нивното срце, запечатено со возвишениот знак на Твоето славно свештенство.

Нека растат во љубовта и верноста кон Тебе и штити ги од заразите на овој свет.

Со силата на претворбата над лебот и виното, дади им ја и силата за претворба над срцата.

Благослови ја нивната работа со богати плодови и подари им го венецот на вечениот живот.

Амин.

Битно.нет/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот