Собор на свети Архангел Михаил

Собор на свети Архангел Михаил

Денес го славиме празникот на Архангел Михаил, Гаврил и Рафаел, небесни Божји соработници, кои се во служба на Неговото Слово како верни преносители и чувари на тоа Слово во срцето на луѓето. Нивните имиња – како ни ги принесува Библијата – ја карактеризираат исто така нивната улога во Божјиот план и ги исполнуваат обврските околу значењето за нашиот живот и за предизвиците од денешно време. (…)

Свети Аргангел Михаиле наш Заштитник: на еврејски неговото име значи „кој е како Бог?“, и покажува дека неговата улога е онаа да ги потсети луѓето за апсолутното господство на Вечниот и неоходноста – приоритетна во однос на секоја друга – да му се допаднеме само на Него, вршејќи сѐ во правда и вистина. Библиските текстови ни го претставуваат вака: во книгата на Даниел (сп. 12,1) свети Михаил е оној кој бдее над избраниот народ, како верен придружник на Божјиот поглед. Посланието од Јуда го прикажува во борба против Сатаната заради Божјите пријатели, додека книгата Откровение (12,7) во големиот знак од борбата против змејот, кој ја напаѓа Жената, мајката на Месијата, симбол на Марија и на Црквата, го прикажува како инструмент на Божјиот суд врз историјата. Земајќи ги во обѕир овие значења за потребата на моралната мобилизација со помош на Архангелот Михаил знаеме да го препознаеме Божјиот примат над нашето срце и над нашиот живот, подложувајќи го секој наш избор на Неговиот суд за вистината и за љубовта. Има потреба од мажи и жени кои гордо се залагаат за служење во јавноста, без да се залагаат за сопствен интерес, но бидејќи – водени од страхопочитта и љубовта на Вечниот – безрезервно служат за општо добро, пред сѐ помагајќи им на најаслабите. Да се молиме Господ да ги инспирира овие луѓе и како христијанска заедница да се стремиме за нивно оформување со обновена ревност и страст. (…)

Михаил повикува на апсолутниот Божји приоритет, на кој е само потребно да му се допаднеме; Гаврил повикува на силата која Вечниот е подготвен да му ја даде на оној кој со смирено и верно срце го повикува; Рафаел повикува на здравствена грижа од која има потреба нашето општество, и која само светлината и помошта одозгора може да покаже кому со одговорност и доверба ќе ги стави во барање на вистински и рамноправни решенијата за сите. До светиот Архангел Михаил – нашиот денешен заштитник – особено ја упатуваме нашата молитва, со цел прекрасните особини на достоинството да вродат плодови за нов живот за нашата Земја, за сите христијански заедници, за семејствата и за срцата на поединци:

Ангелу на борбата со злото, сведок на Божјата победа,

водич на небесното воинство, Архангел Михаил,

посредувај за нас за да созрее во нашите срца

една вера сѐ посилна, понизна и заљубена,

способна да ги преобрази не само нашите животи,

туку исто така и општеството во кое живееме,

сѐ додека во секое срце се воспостави

смислата на вистината и на одговорноста,

и сите да соработуваме во служење за општото добро

за едно идно обновување на нашиот народ,

на нашите семејства, на нашата младина,

на сите оние кои се гладни и жедни за правда. Амин. Алилуја.

Бруно Форте/З.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

 

Категорија: Вера, Духовност

За авторот