СЕКОЈ ДЕН ВО МЕСЕЦ ЈУНИ РАЗМИСЛУВАЈ ЗА СРЦЕТО ИСУСОВО

СЕКОЈ ДЕН ВО МЕСЕЦ ЈУНИ РАЗМИСЛУВАЈ ЗА СРЦЕТО ИСУСОВО

Дваесет и шести ден: Душа која се жртвува според Пресветото Срце

Како Божјото Јагне, принесено за спасението на светот, оди кон жртвеникот на кој Срцето Исусово ќе те постави овој ден, за да бидеш целосно разгорена од огнот на Неговата чиста љубов.

Не оддалечувај се и не давај повеќе никаков отпор, како јагне што се принесува како жртва. Дозволи очистителниот оган на Божјата љубов да уништи во тебе сè што е грешно и несовршено во твојата човечка природа.

Потребно е целосно да бидеш очистен, за да станеш жртва што принесува сладок миомирис пред Пресветата Троица.

Настојувај силно да ја прегрнеш жртвата. Принесувај се духовно така што ќе дозволиш да бидеш осуден и неразбран од ближниот, и така ќе станеш сличен на својот распнат Бог.

Срцето Исусово, принесено на крстот, нека ти биде пример. Размислувај за Неговите внатрешни расположенија и според нив усогласувај ги своите дела.

Пред сè, често повторувај ја Неговата прекрасна молитва за грешниците.

„Оче, прости им, зашто не знаат што прават.“

Господи, дозволи ми да се принесам себеси во заедништво со Тебе, зашто пријателите сакаат сè меѓусебно да споделуваат.

Кармел-бси/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот