Покров на Пресвета Богородица

Покров на Пресвета Богородица

На овој ден во 911 година, за време на царот Лав Мудриот (или Филозоф), имало сеноќно бдеење во црквата посветена на Пресвета Богородица во Влахерна во Константинопол. Во задниот дел од црквата помеѓу многуте верници стоел и свeети Андриј Јуродив со својот ученик Епифаниј. Во 4 часот наутро се појавила Пресвета Богородица над народот со распространет омофор (плашт) на рацете и со овој плашт како да го покривала народот. Била опкружена од апостолите, светителите, мачениците и девиците. Тие двајцата ја виделе оваа објава. Во сеќавање на овој настан воспоставен е и овој празник.

Крижевачка Епархија/З.А.

Категорија: Сведоштва

За авторот