Марио Гетце: Му благодарам на Бог за сѐ што ми дава

Покрај младиот германски фудбалер Томас Милер и некои други играчи на германската фудбалска репрезентација и Марио Гетце не ја крие својата вера во Бог и сведочи дека сѐ што има постигнато во своите 22 години е со помош на Бог.

Германскиот репрезентативец и играч на Баерн Минхен во моментот е еден од најголемите таленти на фудбалскиот терен. И додека цела Германија го слави 22 годишниот напаѓач, неговиот поглед гледа само кон небото. Дома, во Баерн, Гетце и колегата Давид Алаба заеднички го слават секој гол со поглед кон небото. Заедничкото славење на секој гол е нивна лична работа, открива Алаба, „но поздравот горе никогаш не смее да недостасува“.

Дека и Алаба е верник, се знае уште кога започна да игра во Баерн. На официјалната страница на фудбалскиот клуб го открива своето мото, кое гласи: „Мојата сила е во Исус Христос“. Така и Гетце не се срами од јавно сведочење на својата вера, меѓу другото и на својата Фејсбук страна. Во неговите содржини често пати ја спомнува верата, надежта, силата и верувањето, а неодамна, откако со сигурност дозна дека сепак ќе може да игра на светското фудбалско првенство, објави слика со натпис: „Драги Боже, сакам да земам минута, не да те молам за нешто, туку да ти заблагодарам за сѐ што ми даваш.“

Но верата на младиот репрезентативец не започна со колегата од Баерн. Имено Гетце, додека играше за Борусија Дортмунд, јавно зборуваше за својот однос со Бог, а во една прилика даде на неговите копачки да се напише зборот „Faith“,, односно „вера“.

На прашањето од каде му е фудбалскиот талент, одговара дека сигурно го нема наследено од неговиот татко, кој е професор на факултет. „Од него би го наследил само талентот за учење“. Мојот фудбалски талент мора да се дар од Бог, истакнува Гетце.

Битно нет/го*ко

Категорија: Сведоштва, Свет

За авторот