Активности во Свети Иван Крстител – Струмица по повод канонизацијата на Мајка Тереза

По повод канонизацијата на Мајка Тереза за светица во парохијата Свети Иван Крстител – Струмица во недела 4 септември 2016 година се одржаа повеќе активности поврзани со нејзиното прогласување за светица. Веднаш по неделната света Литургија верниците во парохиската сала во заедништво го проследија директниот пренос од Ватикан, каде папата Фрањо на свечен начин објави дека Мајка Тереза се вбројува во светиите на Црквата.

Во попладневните часови во парохиската црква се молеше Молебен и Литанија до сите светии, а младите читаа мисли, размислувања и случки од животот на света Мајка Тереза од Калкута. Веднаш потоа во парохиската сала беше прикажан филм поврзан со животот и делото на новата светица Мајка Тереза од Калкута.

Во рамките на Татковинската прослава „Денови на света Мајка Тереза“ ќе се одржат повеќе парохиски активности, меѓу кои Литургија на споменденот за Мајка Тереза на 5 септември, катехеза „Мајка Тереза – живо Евангелие“, во среда 7 септември, обожавање на светата Причест со медитации за Мајка Тереза и света Литургија за татковината на 8 септември, волонтерска акција во сабота 10 септември и организирано патување за Скопје на 11 септември на света Литургија на плоштадот Македонија, предводена од Папскиот делегат кардинал Винко Пуљиќ во заедништво со Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх, монс. д-р Киро Стојанов.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот