Света Бројаница за свештеници

Висконсин 25.5.2013 /к.мк/ – Оваа година Светската молитва света Бројаница за свештеници ќе се одржи на 7 јуни, на Светскиот ден на свештениците. Оваа побожност ќе ги обедини сите верници од целиот свет во молитва за свештениците и нивното послание. Во последните четири години тој настан прерасна во голем молитвен ден во светот.

„Молитвата го обединува светот и ова е еден прекрасен начин верниците да искажат духовна благодарност за нашите свештеници. Богородица нека не благослови, тоа е нејзино вдахновение, нејзина Бројаница и нејзини свештеници за кои молиме“, порача Марион Мулхал од WorldPriest.

Учесниците на овој настан ќе молат света Бројаница половина час во договорено време за да му заблагодарат на Бог за свештениците и ќе молиме Богородица за да ги чува. Истата бројаница ќе се повторува часови и часови.

Молитвата ќе започне во базиликата во Мелбурн во 11.00 часот по локално време, ќе продолжи преку Азија, Блискиот Исток, Медитеранот, Европа и Африка до Америка. Ќе заврши во храмот „Наша Богородица“ во американската држава Висконсин во 19.00 часот по локално време.

 Извор: WorldPriest/Д.И.

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

Your e-mail address will not be published.
Required fields are marked*