Големиот надбискуп Шевчук повика на секојдневна молитва за мир во Белорусија

Големиот надбискуп Шевчук повика на секојдневна молитва за мир во Белорусија

Поглаварот на Источните католици во Украина, киевскиот голем надбискуп Свјетослав Шевчук во писмото до претседателот на Белоруската епископска конфереција надбискупот Тадеуш Кондраушевич ја истакна својата солидарност и ги повика верниците на секојдневна молитва за мир во Белорусија.

Надбискупот Шевчук во писмото изразува и надеж за прекин на насилството во Белорусија, заштита од надворешни сили и сочувување на единственото и територијалниот интегритет на земјата. Изразувајќи ја  до надбискупот Кондраушевич својата солидарност, поглаварот на украинските источни католици ги  повика своите верници на секојдневна молитва за мир во Белорусија: „Веруваме дека Бог е единствениот владар со човековата историја и е невидливо присутен и денес на белоруските улици и на плоштадите за да му ја искаже својата близина и спасението на тој страдален народ .“ (…)

Од речиси девет милиони жители во Белорусија, 1,4 се католици меѓу нив и припадници на Источната Католичка Црква чиј поглавар е големиот надбискуп Шевчук.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот