(Видео) Во декември Папата повикува на молитва за децата војници

(Видео) Во декември Папата повикува на молитва за децата војници

Во овој свет во кој е развиена најсофистицирана технологија се продава оружје кое завршува во рацете на деца – војници – предупредува папата Фрањо во видео – пораката објавувајќи ја молитвената наказа за месец декември.

Папата Фрањо: Мора да се прекине со поробувањето на деца – војници

Папата повторно истакна дека треба да се направи сѐ што е можно за да се почитува достоинството на децата и за да се прекине со тој облик на поробување. Потоа се обраќа до сите луѓе со добра волја. Кој и да си – вели Папата во видео -пораката – ако си трогнат како јас, те молам да ми се придружиш на оваа молитвена накана: Во сите краишта на светот да се отстрани тоа зло деца –војници.

Заземањето на папата Фрањо во искоренувањето на злото деца – војници

Од самиот почеток на своето папство, папата Фрањо на повеќе пати силно предупредува – во своите говори, проповеди и пораки – на таа девијантна појава на децата сведени на ропство за да се борат во војни кои ги водат возрасните. Во благословот Urbi et Orbi – Градот и светот за Божиќ 2014 година говореше за децата жртви на „новите Иродовци“. И на Божиќ минатата година повторно предупреди на тој голем проблем и ја изрази својата близина до сите децата војници.

Трогателната средба со едно поранешно момче – војник во Уганда

Посебно е трогателна средбата на папата Фрањо со младите во Уганда во текот на неговата апостолска посета на таа земја во ноември 2015 година. Папата се тргона, слушајќи го сведоштвото на едно момче кое било принудено да стане дете војник. Нему и на сите млади жртви на тоа страшно зло, Папата упати зборови на близина и охрабрување повикувајќи ги омразата да ја совладаат со љубов уверени дека – како што тогаш рече папата Фрањо – Бог е посилен од секоја кампања за регрутирање.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот