Папата до мхтаристите: Осветлувајте го и понатаму патот на ерменскиот народ

Папата до мхтаристите: Осветлувајте го и понатаму патот на ерменскиот народ

Членовите на заедницата кои се истакнале верно живејќи го својот монашки живот, а неретко јуначки сведочеле и со жртвата на сопствениот живот.

По повод прославата на 300. годишнината од основањето на ерменскиот мхитарски монашки ред, папата Фрањо на 17 септември 2018 година испрати писмо кое беше прочитано на крајот од светата Литургија служена на островот Свети Лазар во Венеција. На прославата присуствуваше кардиналот Леонардо Сандри, префект на Конгрегацијата за Источни цркви.

Таа годишина е повод за благодарност до Господ за изобилните милости и харизмата која во текот на вековите ја примила ерменската мхитарска заедница – пишува Папата во писмото со датум од 5 септември, кое за 300 годишнина го упати до надбискупот Бохос Левон Бохос Зекијан, Папски делегат за таа монашка заедница.

Светиот Отец во писмото ги потсетува членовите на монашката заедница кои се истакнале верно живејќи го својот монашки живот, а неретко јуначки сведочеле и со жртвата на сопствениот живот. Истакнувајќи го ликот на Мхитар големиот обновувач на монашкиот живот во Источните Цркви, нагласи дека неговиот придонес во градењето на „sensus fidei – чувството за вера“ е најсветлиот израз на духовноста и културата на ерменскиот народ. Затоа ги повика членовите на заедницата за доброто на целиот ерменски народ да го чуваат, продлабочуваат и шират тоа духовно и културно богатство кое отсекогаш му припаѓало.

Два елементи имаат посебна вредност за традицијата на ерменскиот теолошки хуманизам кој е овоплотен на посебен начин во институтот „Вардапет“ – рече папата Фрањо и објасни: Тоа е ерменски назив кој ја изразува идејата за негуватели на светите науки и уметности. Вториот елемент е екуменската пророчка отвореност својствена за мхитариската духовност по примерот на традицијата на Црквата во Ерменија, која меѓу останотото ја овоплотил и свети Гргур од Нарек и таа денес како знак на времето, покажува како да се оди кон целосното единство. (…)

Идентитетот на мхитаристите се состои во тоа што тие во внатрешноста се богопосветени лица; нивното звање не е остварливо без реалното заедништво со своите браќа и без целосното прифаќање на заветот на сиромаштво, чистота и послушност, евангелскиот извор на вистинска обнова и сигурна гаранција во денешните неволји – рече Светиот Отец и заврши: Се надевам дека светлото кое го запалил основателот го осветлува патот на ерменскиот народ со верата во Христос и со надежта која постојано ја раѓа Неговото Слово кое се контемплира, проучува и шири.

Надбискупот Бохос Левон Бохос Зекијан, Папски делегат за ерменската конгрегација на мхитаристите, се заблагодари за писмото од Папата, нагласувајќи дека тоа е оној „знак и залог на божествениот благослов“. Во својот говор го истакна претчувството дека слугата Божји опатот Мхтар ќе биде прогласен за блажен и воедно призна дека тие како негови духовни деца долго се двоумеле како да ја остварат таа цел.

Во проповедта пак кардиналот Леонардо Сандри префект на Конгрегацијата за Источни Цркви поттикна на молитва за Папата за Господ преку него да може да ја води Црквата во овие немирни времиња. Самит Христос нѐ не напушта ниту во една бура, на бродот е со сите нас. Само во заедништво и хармонија постои можноста за изразување без оглед на ирелевантноста и недостатокот на комуникација пред сѐ меѓу нас, а потоа и во однос на светот на кој толку му е потребно нашето сведоштво.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот