Егзорцистот на Светиот Престол: Хелиун е хосана на ѓаволот

„Мислам дека италијанското општество го губи својот разум, смислата за животот и се повеќе и повеќе е болно.

Да се слави Хелеуин е да се даде хосана (слава) на ѓаволот. Кој ако е чествуван само во една ноќ мисли дека има право на човекот. Затоа немојте да бидете изненадени ако ви изгледа дека светот оди кон долу и ако ординациите за психологија и психијатрија се полни со неисправни деца, вандали, нервозни и деца кои се опседнати и депресивни можни самоубијци.“ Осуда и егзорцистот на Светиот Престол кој бил преседател на Меѓународното здружение на егзорцисти отец Габриел Аморт од Модена.

Морничави маскирања, повици навидум безопасни, не би биле друго за егзорцистот освен чест на кнезот на овој свет: ѓаволот. „Многу ми е жал Италија како и остатокот на Европа што се оддалечува од Исус, а дури оддаваат почит на сатаната“ вели егзорцистот според кој „Хелиун е претставен како еден вид на сеанса на спритизам во облик на игра. Лукавоста на ѓаволот е токму овде. Ако забележите сè е претставено во облик на невина разиграност. И гревот не е „повеќе грев во денешниот свет. Сè е камуфлирано во облик на потребата за слобода и лично задоволство и сатисфакција. Човекот – заклучува тој – станал бог на себе самиот, токму тоа што го сака ѓаволот.“ И потсетува додека во многу италијански градови се организирани „прослави на светлината“ вистинска против-офанзива на свеченостите на темнината, со песни за Господ и безопасни игри за деца.

Меѓугорје-инфо/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот