КАКО СЕ ЗАГОВАРА АБОРТУСОТ

 

Лекарот Бернард Натансон, кој со години се повикуваше на правото на абортус, а кој и самиот има извршено 15 000 абортуси, зборува за начинот на кој се пропагира ставот против живот во Америка и за страшните бројки на злото од абортусот.

 

Бев еден од соосновачите на националното здружение за укинување на законот против абортус (National Association for Repeal of Abortion Law), која подоцна беше преименувана во Акциска Лига за право на абортус (National Abortion Rights Action League). Тоа беше првата акциска група за абортус во САД. Го основавме Лауренц Лејдер, јас, и феминистката Бети Фридан и политичарката Карол Брајтер, а основано е 1968 година. Беше неверојатно смело да се поттикне такво движење. Бевме мало мноштво со буџет од 7.500 долари за првата година на делување; и како што веќе реков требаше поголема дрскост, да се зборува за реформи во законот против абортус.

 

Ако тогаш се направеше опфатно испитување на јавното мислење, тоа би било околу 99,5% против легалното абортирање. Но ние, тоа мало мноштво со ситен буџет и само четири активни членови, постигнавме за краток временски период од две години во државата Њу Јорк да биде укинат 140 години стариот закон за абортус, и со тоа градот Њу Јорк да стане главен град на абортусот во Америка. Три години подоцна успеавме да го убедиме Врховниот суд, така што беше донесена срамотна судска одлука со која беше легализиран абортусот во сите 50 држави.

 

А како го направивме тоа? За моите слушатели е многу важно да разберат кои тактики, начини, беа применувани, зашто со некои мали измени, се користат секаде во западниот свет. Ниедно општество не е отпорно на таа болест.

 

Нашето друштво, NARAL, знаеше ако во 1968 година направи внимателно, совесно испитување на јавното мислење на американците за абортусот, ќе претрпе јасен поразителен неуспех. Затоа постапивме вака:

 

На медиумите и јавноста им дадовме бројки и објаснувања дека е направено испитување на јавното мислење и дека навистина 50 или 60% од американците се за легализирање на абортусот.

 

Тоа беше многу успешна и многу корисна. Кога на јавноста долго време и се зборува дека секој е за легализација на абортусот, тогаш автоматски со тек на време секој и станува за абортусот. Многу малку луѓе сакаат да бидат во малцинство. Тоа беше една од нашите успешни тактики, користење на измислена анкета, и би сакал на своите слушатели да им порачам да бидат внимателни и критични кон сите анкети за кои читат во весниците и слушат во вестите. Тоа е, како што реков, и денес многу употребуван начин во легализацијата на абортусот.

 

Исто така знаевме: ако повеќе ја драматизираме ситуацијата, толку повеќе симпатии ќе пробудиме, и така нашиот план за легализација на абортусот ќе усспее.

 

Затоа го правевме следново: го манипулиравме бројот на илегални извршени абортуси во САД. Знаевме дека вистинскиот вкупен број на илегални абортуси во САД изнесува околу 100.000 годишно. Но, бројот што ние постојано го пуштавеме во јавнста беше еден милион.

 

Се повторува ли една лага доволно често, ќе се увери и јавноста, како што тоа го докажа нашиот „пријател“ господин Хитлер во Германија.

 

Ние исто така знаевме дека бројот на жените кои при илегални абортуси умираат изнесува помеѓу 200 и 250. А бројот што ние упорно и го дававме на јавноста беше 10.000. Тие броеви почнаа да влијаат на јавната свест во Америка, и тие бројки беа најдоброто средство Америка да се увери за дас е укинат постоечките закони против аборту. Ако се знае дека тие бројки ние ги манипулиравме, посебно бројот на годишни илегални абортуси, се наметнуваат некои заклучоци: ако бројот од 100.000 абортуси пред легализацијата се спореди со 1,55 милиони после тоа можат да се откријат лагите и бајките што ги ширевме во американската јавност.

 

Другиот начин кој го користевме за да ја увериме јавноста, беше тврдењето дека и со забранувањето за вршење абортус, сепак исто толку ќе се извршат, но илегално.

 

А тоа едноставно не е точно! Ако денес го забраневме абортусот, немаше да имаме 1,55 милиони абортуси.

 

Важна тактика е и во тоа да се порекнува научниот доказ, кој без сомнение докажува дека животот започнува со зачнувањето. Мораме да останеме на тоа дека прашањето за почнувње на животот е теолошко, правно, етичко, па и филозофско – само не научно. Ова е уште еден омилен начин на групите кое се залага за абортус: Тие тврдат дека е невозможно да се дефинира почетокот на животот, дека тоа не можеме да го знаеме.

 

Животот мораме да го дефинираме. Тоа е потребно како за научни, така и за правни и морални цели! Жвотот навистина може да се дефинира. Тој започнува со зачнувањето, со оплодувањето и од тогаш станува човечко битие. Не постои точка од која би се случила промена; од ништо во нешто, од нечовек во човек. При развојот во матката нема нагли промени и поради тоа животот е непрекинат спектар, од својот почеток, па сé до завршетокот.

 

Верувам дека дозволувањето на абортусот е планско уништување на она што е јасно и непобитно – човечкиот живот. Верувам дека тоа е неопростлив чин на смртоносно насилство. Мора да се признае дека непланиранта бременост е многу тешка дилема. Но, решението со свесно и активно уништување значи отфрлање на големиот богат промислен човечки ум и полошо: тоа значи предавство на јавното однесување пред класичното користољубиво мислење за тешките социјални проблеми. Срамотно прифаќање на насилството.

 

Како научник знам – не мислам, туку знам – човечкиот живот започнува со зачнувањето. Иако формално не сум верник, верувам со сето срце дека постои божанско Битие, Кое од нас бара конечно и засекогаш да го стопираме тоа срамотно, тажно и неискажливо злодело.

 

Извадоци од говорот на некогашниот лекар д-р. мед. Бенард Натансон за начините на наговарање на абортус, кој се одржа во Даблин по повод промена на Ирскиот устав.

 

Преземено: Битно нет

Превод. С.М

Категорија: Сведоштва

За авторот

Write a Comment

<