Прочитајте го писмото на 107 годишната жена од Ирска за борбата против стресот од Ковид-19

Прочитајте го писмото на 107 годишната жена од Ирска за борбата против стресот од Ковид-19

Губејќи го сопругот, ќерките близначки и многу пријатели Ненси Стеварт ги цени животните предизвици.

Најстарата граѓанка на Ирска Ненси Стеварт на хартија се обиде да им го даде на луѓето потребниот поттик за да ги охрабри за поминувањето низ оваа пандемија – иако нејизните совети не се совршени за било која предизвикувачка ситуација, јавува Алетеија.

Нејзините нежни, љубезни зборови навистина помагаат животот да се стави во перспектива, а едноставните предлози, како шолја чај и молењето на Бројаницата нешто што секој може да го внесе во својот секојдневен живот.

Одвојте време и прочитајте го писмото кое на фејсбук го објави отец Педи М. Каферти парох во Белфаст и сетете се на силата на својата вера дека таа вас ве води низ најтешките времиња.

На оние на кои им е потребна причина за да продолжат понатаму:

Моето име е Ненси Стеварт и родена сум на 16 октомври 1913 година. Наполнив 107 години. Замислете наполнив 107 години во светска пандемија. Ова е дефинитивно нешто многу необично дури и за мене и за сè што сум поминала. Живеам во Клонардо во округот Мет и во својот дом живеам повеќе од 83 години.

Го загубив мажот во автомобилска несреќа во 1989 година, а ќерката близначка Маргарет во 2007 година ја загубив заради амиотрофична латерална склероза, а потоа и Ане во 2010 година која почина заради тага по сестра ѝ. Во текот на годините ги загубив сите свои пријатели што доаѓаат, тоа е така кога живеете толку долго на оваа земја.

Имам голема среќа што сѐ уште имам три ќерки Кетлин, Мери и Олив и еден син Финијан и имам 84 внуци, правнуци и праправнуци.

Се соочив со многу тешки и тажни моменти, а бев присутна за време на тешките времиња во нашата земја кога ги сведочев светските војни, поделбите во нашиот народ и голем број тажни времиња за нашата нација.

Денес ви пишувам за да ви ја испратам својата љубов и да ја понудам својата молитва. Моментално сме во многу тежок момент за нашата земја, во нашиот живот и во нашиот свет. Но, со оваа писмо ви се обраќам за да ви пружам надеж, вера и уверување дека на крајот сѐ ќе биде во ред.

Во втора фаза сме во оваа битка против вирусот, но ќе поминеме и низ оваа. Како и низ сè што сум поминала од денот кога сум се родила во 1913 година без оглед на тоа колку работите станаа лоши и јас сум жив доказ дека можеме да преживееме и во годините кои доаѓаат, ова ќе ни биде само далечен спомен.

Имам голема вера и тоа ми помогна да го задржам позитивниот став во текот на борбите со кои се среќавав. Ви благодарам што низ ова тешко време ја сочувавте верата и цврстината. За жал моментално повеќе не можеме да си пружиме рака со пријателот, да се прегрнеме, ниту можеме меѓусебно да се поканиме во посета. Но овде сум за да ја споделам оваа приказна. Во куќата сум заклучена од март заедно со внуката Луис и иако беше тешко време заедно тоа го поминавме. Пиеме чај. Молиме. Печеме. Се смееме, Телефонирме. Можам дури и со видео-повик да се слушнам со семејството и со пријателите и секојдневно да склопувам нови пријателства кои Бог ми ги дава на оваа земја. И тоа е важно да се каже. Ако се чувствувате слабо, обидете се да му се јавите на некого или дури да отидете на прошетка. Исто така Го молам Бог да ми помогне ако се чувствувам лошо. Ова е тешко за сите, но внимавајте добро да се држите и носете маска. Ако бидете здрави и вашиот ум ќе остане здрав. Продолжете да разговарате. Цел живот секогаш верувам во муабетење и пиење чај и кажување на молитви или десетки Бројаница. Тој е моментот за да ја задржиме верата и да продолжиме да веруваме дека сè ќе испадне добро.

Мора да се обидеме да бидеме сигурни никого да не го оставаме зад себе, а исто така да не го губиме од вид. Овој е момент за човештвото да зачекори напред во грижата за другиот. Мора да внимаваме на себе, но исто така мора да внимаваме на сите оние околу нас. Подигнете го погледот и насмевнете се дури и ако имате маска. Очите ќе ви се насмевнат и тоа би можело да биде сѐ што на некој му треба за да продолжи. Ниедно добро дело никогаш не останува незабележано па потрудете се и понатаму да бидете добри. Не сме овде за да живееме за себе туку за да живееме едни за други.

Не можам да верувам дека дотуркав до оваа возраст, се чувствувам како да имам само 50 години, но сега кога сум овде, сѐ што можам да кажам е Го молам на Бог да бидам овде за својот следен роденден. Мора секогаш да гледаме напред. Не можам да верувам дека сум најстарата личност во Ирска, а која живее во својот дом, не се чувствувам толку старо. Кога Бог ќе сака ќе дојде ќе ме земе, но засега и понатаму ќе уживам во својот живот, ќе го сакам своето семејство и ќе ги кажувам молитвите од ден на ден.

Добра храна и пиење многу чај е мојата тајна за долг живот, како и задржувањето на позитивната состојба колку што можеме. Секогаш мора да се веселиме и да се надеваме на најдоброто.

Ви благодарам што мислите на мене во своите молитви и во своите мисли и ветувам дека ќе мислам на вас во своите голем број Бројаници кои ги кажувам секој ден. Многу Ви благодарам што го прочитавте и моето писмо и се надевам дека вам макар и за малку ви помогнав во овој момент да се чувствувате помалку осамено. Секогаш има надеж и кога ќе продолжиме да разговараме едни со други ниту еден ден нема да изгледа празен и можеме тоа заедно да го поминеме. Потребна ни е само мала свеќа која ќе го отстрани мракот и во секој од нас можеме да бидеме она светло во светот. Ова тешко време навистина ќе помине како и сѐ останато и важно е само преку што сме си помогнале. Многу благослов и многу љубов.

Баба Ненси

Ика/к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот