Свети маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија

Свети маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија

Црквата денес ја празнува света Софија, вдовица и маченичка, која во Рим заедно со нејзините ќерќи Вера, Надежда и Љубов претрпеа маченичка смрт.

Света Софија, била омажена за Филандро, млад и богат сенатор кој починал откако им се родиле трите ќерки на кои им ги дала имињата според трите христијански крепости: Вера, Надеж и Љубов.

Останувајќи вдовица, заедно со нејзините три ќерки се преселила во Рим посветувајќи го својот живот на посета и помош на христијанските затвореници. Императорот Адријан поради нејзиниот апостолат ја повикал за да се откаже од нејзината вера, но поради нејзиното отфрлање на заповедта, судијата пред сите наредил да ја камшикуваат. Незадоволен, наредил да ги доведат исто така нејзините неохрабрени ќерки, но од нејзината мајка биле поучени да останат цврсти во верата.

„Не плашете се ќерки мои! Бидете силни во Христа! Издржете во верата! Не плашете се од тортурата или од лошата судбина. Можат да ви ги украдат само вашите тела: но на небесата е поубаво. Бог, на небесата, ќе ви даде прекрасно тело. Можат да ви ја украдат вашата убавина: но со божествената убавина ќе блескате помеѓу ангелите во Божјето Царство.“

Вера, најголемата, која имала 12 години, била прва испрашувана и останувајќи цврста во верата, исто така и таа била камшикувана, дури им била отсечена и едната града од која протекло не крв, туку млеко. Мачниците незадоволни продолжиле да ја малтретираат не успевајќи да ѝ ја променат нејзината желба , со што на крај била обезглавена.

Надеж имала 10 години кога се појавила пред судијата за да ја дочека истата крај, но пред тоа била фрлена во вжарена печка каде што за чудо пламените од огнот се гаселе.

Истата судбина ја имала и најмалата ќерка Љубов која имала само 9 години.

Софија не била поштедена од гледањето на тортурите и убивањето на нејзините ќерки, и токму таа ги зела нивните тела достојно погребувајќи ги на еден рид надвор од градот, и од болка, над нивните гробови се гаснел и нејзиниот живот.

„Една по друга одлетаа на небото: три гулабици, невини и чисти. Со леснотија одлетаа до Христовиот престол, а после нивниот лет исто така и душата на нејзината мајка, за да биде заедно со нив во Рајот.“

MariaReginaDell’Universo/З.А.

 

Клучни зборови:

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот