Света Фаустина за Цветници

Света Фаустина за Цветници

Цветници, денот со кој започнува Господовото страдание. Исус влегува во Ерусалим, луѓето му се радуваат. Тој влегува свесен дека набргу ќе биде распнат. Луѓето се радуваат бидејќи не знаат какво страдание го очекува. Света Фаустина Ковалска, основателка на Божјето милосрдие, на Цветници имала виденија. Била присутна на неговото влегување во градот на страданието, градот на распнувањето, на смртта и на воскресението на Исус Христос. Еве што видела:

Цветници. Оваа недела ги доживеав на посебен начин чувствата на Преслаткото Срце Исусово.

Мојот дух беше таму каде што се наоѓаше Исус. Видов како Исус седи на магаре и учениците и големото мноштво што одеа со Исуса, радосни и со гранчиња во рацете. Едните ги фрлаа под нозете Исусови додека тој минуваше, другите ги држеа високо потскокнувајќи пред Господа, не знаејќи од радост што прават. Видов едно друго мноштво што му доаѓа во пресрет на Исус, со точно исти радосни лица и со гранчиња во рацете. Постојано воскликнуваа. Малите деца беа тука. Но Исус беше многу сериозен. Господ ми даде да спознаам како Тој трпел во тоа време. Во тој момент не можев ништо друго да видам освен Исус, чие што срце беше преоптоварено од неблагодарност.

Дневник 642

21.03. 1937. Цветници. За време на Светата Литургија мојата душа се втурна во горчината и маката Исусова. Исус ми даде да спознаам колку тој страдаше за време на оваа свечено влегување. „Осана“ во Исусовото срце одѕвонуваше „Распни го“. Исус ми даде тоа на посебен начин да го почувствувам.

Дневник 1028

10.04. 1938. Цветници. Бев на света Литургија, но бев многу слаба за да одам по палмови гранчиња. Се чувствував без малку сила и едвај издржав на светата Литургија. За време на светата Литургија Исус ми даде да ја запознаам болката на Неговата душа. Многу јасно чувствував како болно одекнува осана – химната во Неговото Преслатко Срце. Мојата душа исто така е исполнета со морето на горчината и секое осана го прободуваше моето срце. Мојата душа е привлечена кон Исуса. Го слушав неговиот глас: „Ќерко моја, твоето сочувство Ми донесува ублажување. Размислувајќи ја мојата мака твојата душа добива посебна убавина“.

 

Категорија: Вера, Духовност

За авторот