СЕКОЈ ДЕН ВО МЕСЕЦ ЈУНИ РАЗМИСЛУВАЈ ЗА СРЦЕТО ИСУСОВО

СЕКОЈ ДЕН ВО МЕСЕЦ ЈУНИ РАЗМИСЛУВАЈ ЗА СРЦЕТО ИСУСОВО

Седми ден: Душата, великодушна пријателка на Пресветото Срце

Срцето Исусово те избра за Своја жртва, а ти во текот на овој ден покажи Му ја великодушноста на својата љубов. Љубов што никогаш не била проверена, што знае таа? А што е со љубовта што никогаш не била ставена на искушение?

Мерката на твоето трпеливо страдање за Исус сигурно ќе биде мерка на твоите заслуги и на твојот напредок. Затоа, жртвувај се во тишина, како Исус, Кој дозволи да биде одведен во смрт, не отворајќи ја устата за да се пожали.

Следи Го така што ќе се трудиш да најдеш илјада мали прилики за умирање за самиот себе на патот кон Голгота. Нека секое твое дело биде исполнето со добродетел. Збогати ја својата душа во тајност, под непосредниот поглед на Учителот.

Колкава утеха ќе Му донесеш на Божественото Срце ако така постапуваш! Зашто, за жал, Исус наоѓа многу малку пријатели доволно великодушни да Го следат до крај. Но токму тоа умирање за себе носи вистински живот и среќа.

Ти го сакаш тоа, Господи! О Боже, и јас го сакам! Сега прифаќам да умрам за себе онака како што Ти сакаш.

Кармел-бси/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот