Свети Атанасиј – епископ и црковен отец

Свети Атанасиј – епископ и црковен отец

Денес Црквата се спомнува на свети Атанасиј, Александриски епископ, нескротлив бранител на верата за Христовото божество, прогласено на Никејскиот Концил (325) кое било негирано од страна на аријанците. Затоа претрпел прогонство и азил. Го опишал животот на свети Антониј Велики, и го прошири на Запад монашкиот идеал.

Споменот за свети Атанасиј, епископ и научител на Црквата, човек со еминентна светост и доктрина, кој во Александрија, Египет од времињата на Константин па сѐ до оние на императорот Валентиј храбро се борел за вистинската вера и страдајќи многу заговори од страна на аријанците, повеќе пати бил испраќан во азил; но на крајот ѝ се вратил на Црквата од него основана, откако се бореше и страдаше многу со херојско трпение, а во 46. година од неговото свештенство почина во Христовиот мир.

Овој отец и научител на Црквата е најпознатиот од алесандриските епископи и најсмелиот бранител на никејската вера против ересот на Ариј. Тој, (Ариј) бидејќи од Словото правеше дека е една материја различна од онаа на Отецот и дека е едноставен посредник помеѓу Бог и светот, практично ја негираше тајната на Пресвета Троица.

Свети Атанасиј е роден околу 295 година во Александрија, Египет, од родители христијани кои му овозможија да добие класично образование. Ученик на свети Антониј, монах, во младоста се посветил засекогаш во служба на Црквата. Во 325 година како ѓакон и секретар го придружувал својот епископ Александар на Никејскиот Концил, свикан од императорот Константин, каде била свечено дефинирана едносушноста на Синот со Отецот. Во 328 година свети Атанасиј од александријците бил наречен нивен пастир. За него велеле: „Тој е еден добар човек, доблесен, добар христијанин, еден испосник, еден вистински епископ“ (…).

Иако обвинуван, повторно бил враќан на истата служба, но аријанците не се задоволувале да бидат победени. Тие го убедија Ариј да потпише една формула за една вера која има двојно значење. Костантин бил задоволен и им нареди на сите епископи да го примат во нивно заедништво. Атанасиј одбивајќи го, бил отстранет од Соборот во Тир (335) и осуден во Тревири, Галија, каде што останал сѐ до смртта на императорот (337). Приврзаниците на Ефсевиј не можејќи да се надеваат на цивилната моќ, прашањето за Атанасиј го донесоа пред папата Јулиј. Беа цитирани две дела од пленарниот собор, но аријанците, сигурни од поддршката на Костанциј II, император на Источното царство, наместо да се појават, на престолот на Александрија го поставиле Григориј од Кападокија.

Вториот азил на Атанасиј траел 6 години. Во Рим (341) и во Сердика (343) била докажана неговата невиност. За време на престојот во Рим тој многу патувал и во латинската црква го вметнал монашкиот живот, кој веќе во Египет се практикувал. На Велигден во 345 година отишол во Аквилеја кај императорот Кастанс, император од Западното царство, кој од својот брат Костанциј добил дозвола да биде вратен на својот престол откако починал епископот натрапник (345).

За светецот следуваат десет години релативен мир, кои ги искористил не само да ги компонира догматските дела, или личната апологија, туку исто така и да продолжи со една политика на будна контрола и разумно помирување, чии ефекти биле катастрофални за ариевата ерес. Всушност, после 2 или 3 години, тој бил во заедништво со повеќе од 400 епископи, и следен од мноштво верници. Во овој период тој посветил епископ за Етиопија – свети Фрументиј, вистински основач на христијанската црква во оваа земја. (…)

Должност на Атанасиј била да ја воспостави никејската правоверна вера и да го победи официјалниот аријанизам кој победуваше на соборите во Селевкија и Римини (359). На еден собор, одлучил да покаже милосрдие кон оние кои од незнаење биле приврзаници на ересот, а исто така на догматско поле бил толерантен за онаа што се чинело дека е нешто од мала важност или чиста терминологија. Големата директна активност за зајакнување на католичкото единство не била подобна за Јулијан Отпадник, кој бил со намера да го врати паганството. Во 363 година свети Атанасиј по четврти пат го напуштил својот престол, но само за неколку месеци бидејќи, починал императорот Јулијан во походот против Персијците, а го наследил христијански император, кој го повикал назад. Во 365 година Светецот по шести пат морал да се повлече во периферијата на градот, прогонуван од императорот на Источното римско царство, Валентиј, пријател на ариевците. По само четири месеци бил вратен назад, бидејќи египјаните се заканувале со револт. Својот престол веќе не го беше оставил сѐ до својата смрт, 2 мај 373 година, после 45 години на силно владеење, а понекогаш и на тврдо спротиставување на неговите противници.

Тој со право беше наречен „Велики“ заради нескротливата стабилност на неговиот карактер кој ја покажал против аријанците и против империјалната моќ. Со право беше речено дека во него, „Татко на вистинското славење на Бога“, се борела целата Црква.

Додека живеел со постојана активност насекаде ги поддржувал бранителите на вистинската вера. На тој начин им попречил на епископите од латинска Африка да го заменат симболот на верата од Никеја со оној од Римини; го натерал папата Дамас да реагира против аријанскиот владика во Милано, и го охрабри свети Василиј, кој барал поддршка за религиозно помирување на Истокот. (…)

Свети и блажени/З.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот