Бенедикт XVI наскоро ќе се пресели во манастирот Матер Еклезија

Ватикан, 30.4.2013 /к.мк/ – Почесниот папа Бенедикт XVI е можно во четврток попладне да се пресели во ватиканскиот манастир Матер Еклезија. Ова го изјави гласноговорникот на Ватикан патер Федерико Ломбарди во понеделник, 29 април, на конференцијата за новинари. Почесниот папа престојува во Папската летна резиденција Кастел Гандолфо. Сепак нема официјална потврда од Ватикан за преселбата. Почесниот папа Бенедикт XVI престојува во Кастел Гандолфо, бидејќи ватиканскиот манастир Матер Еклезија се реновира. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<