Монсињор Крајевски во име на папата Фрањо ќе подели божиќни поклони на сиромашните

Во следните неколку дена, а по повод Божиќ, папскиот делител на милостина, монсињор Крајевски, во име на Светиот Отец, ќе подели плика за сиромашните. Станува збор за околу 2000 плика, кои ќе бидат раздадени на сиромашните, а ќе бидат поделени од страна на сестрите на Мајка Тереза, волонтери и лично од монсињор Крајевски.

Пликата веќе имаат марка на Ватиканската пошта, така што секој ќе може да ја искористи за праќање на честитка или писмо, со допишување на адресата на примателот. Пликот содржи пригодна божиќна икона, потпис од папата Фрањо, телефонска карта и карта за метро.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот