Папата ја потпиша неговата трета енциклика „Сите сме браќа“ (Fratelli tutti)

Папата ја потпиша неговата трета енциклика „Сите сме браќа“ (Fratelli tutti)

Светиот Отец папата Фрањо во сабота 3 октомври 2020 година во италијанскиот град Асизи, родниот град на свети Фрањо од Асизи, после светата Литургија ја потпиша својата нова, трета енциклика со наслов „Сите сме браќа“ (Fratelli tutti). Енциклика официјално е објавена на 4 октомври 2020 година на празникот свети Фрањо.

Светата Литургија и потпишувањето на енцикликата во домот на свети Фрањо се одржа по желба на Папата, без присуство на верници поради превентивни мерки поврзани со пандемијата со коронавирусот.

Веднаш после потпишувањето на енцикликата папата Фрањо веднаш се врати во Ватикан. Ова е инаку петти пат како папата Фрањо го посетува Асизи за време на неговиот понтификат.

Инаку Светиот Отец во Асизи пристигна со автомобил, а пред да пристигне во базиликата Свети Фрањо, сврати за да ги поздрави и посети чесните сестри на света Клара, во манастирот Валеглорија во Спело.

Во Асизи Светиот Отец беше пречекан од бискупот на тој град, Доемнико Сорентино, Папскиот делегат за базиликата свети Фрањо и света Марија од Ангелите, кардинал Агостино Валини, гвардијанот на манастирот свети Фрањо, фра Мауро Гамбети и отец Енцо Фортунато, портпарол на манастирот.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот