Честитка од бискупот Стојанов до новиот Пожешки бискуп монсињор Иво Мартиновиќ

Честитка од бискупот Стојанов до новиот Пожешки бискуп монсињор Иво Мартиновиќ

Во среда 13 март 2024 година Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монсињор Киро Стојанов, во име на свештениците, членовите на монашките заедници, целиот верен народ на Скопската бискупија и Струмичко-скопската епархија и во негово лично име упати срдечни честитки до монсињор Иво Мартиновиќ по повод неговото именување за Пожешки бискуп. Воедно, епископот Стојанов упати честитки и до целиот Божји народ во Пожешката бискупија.

Во својата честитка епископот ја истакнува одговорноста на епископската служба, но и можноста да се служи на Црквата и верниците на нов начин и додава: Тоа е послание на пастирот кој храбро оди пред своето стадо, секогаш воден од љубовта кон Христос и Неговата Црква.

Честитката епископот Стојанов ја завршува со зборовите: За Вашето служење на Црквата, го молам Господа за даровите на Светиот Дух, како и застапништвото на свети Лаврентиј, блажениот Степинац, свети Фрањо Асишки и Света Мајка Тереза. Нека нивната светост го осветли Вашиот бискупски пат и Господ нека Ви даде сила да го поучувате, охрабрувате и водите Божјиот народ на патот на верата – стои во честитката на епископот Стојанов упатена до монсињор Иво Мартиновиќ, новоименуван Пожешки бискуп.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот