Папата: И мигрантите ја градат иднината на светот

Папата: И мигрантите ја градат иднината на светот

Објавен е насловот на пораката на Папата за следниот Светски ден посветен на бегалците и оние што емигрираат во потрага по нова татковина; треба да се промовира нивниот придонес во севкупниот развој на општествата,не исклучувајќи никого“.

„Да се гради иднина со мигранти и бегалци“ е насловот што папата Фрањо го избра за својата годишна порака по повод 108. Светски ден на мигранти и бегалци што ќе се слави во недела, 25 септември 2022 година. На оваа тема – како што е наведено во соопштението на Одделот за мигранти и бегалци на Дикастеријата за целосен човечки развој, објавено од Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Папата сака да ја истакне посветеноста на која сите сме повикани, како би изградиле иднина која одговара на Божјиот наум, не исклучувајќи никого.

„Градиме со“

„Градиме со“ значи препознавање и промовирање на придонесот на мигрантите и бегалците во градењето на иднината, бидејќи – како што се наведува во соопштението – само така ќе може да се изгради свет кој ќе ги гарантира условите за целосен развој на сите. Пораката на папата Фрањо е поделена на шест подтеми и ќе го продлабочи познавањето за некои важни компоненти од придонесот на мигрантите и бегалците – реален и потенцијален – за општествениот, економскиот, културниот и духовниот раст на општествата и црковните заедници.

Се подготвува информативен материјал

За поддршка на подготовките за одбележувањето на овој ден, Одделот за мигранти и бегалци кон крајот на март ќе започне комуникациска кампања за поддршка на правилното разбирање на темите и подтемите од пораката на Папата преку мултимедијални помагала, информативни материјали и теолошки размислувања.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот