Папата го прими кардинал Холерих

Папата го прими кардинал Холерих

На 10 септември 2020 година папата Фрањо во приватна аудиенција го прими претседателот на Советот на бискупските конференции на земјите членки на Европската Унија (COMECE), кардинал Жан Клод Холерих – соопшти Канцеларијата за печат при Светиот Престол.

И покрај тоа што не се објавени поединости од разговорите, набљудувачите оценуваат дека Папата и претседателот на COMECE разговарале за европската одговорност за бегалците, еден ден по големиот пожар во бегалскиот камп Морија на грчкиот остров Лезбос. Кардинал Холерих претходниот ден упати итен апел за помош на бегалците, во кој меѓу другото јасно ги осуди националните егоизми во однос на пандемијата со коронавирусот.

Не наведувајќи поединости од средбите, Канцеларијата за печат при Светиот Престол исто така соопшти дека Папата на истиот ден ги примил во аудиенција и новиот бискуп на Аугсбург Бетрам Мајер, префектот на Конгрегацијата за наука на верата Луис Ладарија и мадридскиот надбискуп во мирување кардинал Антонио Варела.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот