Црквата во Бразил го очекува папата Фрањо

Рио де Жанеиро, 20.7.2013 /к.мк/ – „Папата привлекува повеќе луѓе отколку фудбалот“ – овие зборови се слушаат низ улиците на Рио де Жанеиро, се повторува од стотици илјади млади кои доаѓаат не само од Бразил, туку и од целиот свет. Вкупно се очекува да пристигнат околу еден милион млади. Според помошниот епископ на Рио и потпретседател на Комитетот за организација, монсињор Цезар Коста, учеството на месните млади луѓе во подготовката на настанот ги „зарази“ и многу млади кои беа оддалечени од Црквата.

Голема е возбудата на Црквата во Бразил околу последните подготовки пред пристигнувањето на папата Фрањо во Рио, но исто така и очекувањата, бидејќи во последните години во Бразил присуството на сектите станува загрижувачко.

Со оглед на оваа реалност, од голема важност е тоа што при своето прво Апостолско патување и прво учество на Светски ден на млади, папата Фрањо посака да го посети најпрво Богородичното светилиште Апарецида. Таму, во 2007 година, се одржа V-та Конференција на Црквата во Латинска Америка и во нејзиниот важен завршниот документ „се чувствува“ раката на тогашниот кардинал Бергољо. Овој документ, кој беше одговор на предизвикот на сектите и на секуларизацијата на континентот, го истакнува централното место на „новата евангелизација“.

Папата Фрањо доаѓа во Рио за да ги повика младите да бидат следбеници и мисионери на Христос, и да го навестуваат на сите народи. Бразил со вера ги пречека Крстот и иконата на Богородица, кои по долгото патување пристигнаа во Рио на 6 јули, по што илјадници семејства ги отворија вратите на своите домови, за да се сретнат со младите верници кои пристигнуваат од сите континенти. Евангелската и Протестантската црква исто така се подготвени да се сретнат со верниците. Пред доаѓањето на Папата, во Рио е предвиден состанок со околу 200 млади – католици, евреи и муслимани, кои ќе предложат конкретни мерки за меѓурелигискиот дијалог. (В.Н.)

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<