Усаин Болд: Најбрзиот човек на светот и чудотворниот медалјон
Златни медали на три Олимпијади, тоа е Усаин Болд, најбрзиот човек на светот, кој на неговите натпревари носи ланче со чудотворен медалјон. Врвниот спортист исто така јавнo го прави знакот на крстот на секој негов настап
Тој е најбрзиот човек на светот, а тоа го покажа повторно на Олимписките игри во Рио. На три Олимпијади едноподруго е освојувач на златниот медал на трките на 100 метри, а од 2009 година е и носител на светскиот рекорд на 100 метри и 200 метри.
Сепак има еден медал, кој тој посебно го цени. На секој негов настап на неговото ланче тој го носи чудотворниот медалјон. Чудотворниот медалјон е поврзан со црковно призната објава на Богородица на света Катерина Лабур (1806-1876).
Исто така Болд е познат и по тоа што непосредно пред натпреварите, додека е на старната линија, јавно го прави знакот на крстот.
Според изјавата на неговата канцеларија за односи со медиуми, Усаин Болд е католик, кој неговиот живот го „ориентира според Библијата, го почитува Бог и е човек на молитва“.
РВ/к.мк